• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106
МИА12:13 12 јануари 2018 ● Прочитано 4465

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) останува на ставот во среда да одржи предупредувачки протест пред Владата на Република Македонија.

Раководството на КСС денеска на прес-конференција посочи дека до денеска немаат добиено покана од Владата и ресорните министерства за средба на која би се разговарало за заеднички прифатливи решенија за нивните барања.

- Бараме повисока плата за достоинствен живот, усогласување со минималната плата, исплата на К-15 во јавниот сектор, пристојна работа без притисоци и мобинг на работното место, исплата на дотатоци на плата по теркот на народните пратеници, поголеми бенефиции преку колективните договори и почитување на колективните договори во целост, да се слушне гласот на репрезентативните синдикати и да нема реформи за работниците без репрезентативните синдикати, рече претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

За следните чекори што ќе ги преземат, меѓу кои и дали навреме ќе почне второто полугодие од учебната година, ќе одлучат дополнително.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Заев на средба со Американската стопанска комора AmCham од Албанија

Заев потенцираше дека Македонија работи посветено на унапредување на економската регионална соработка со земјите од регионот...

Бугарската Влада го усвои Меморандумот за поевтин роаминг со Македонија

Во моментов роамингот меѓу двете земји е меѓу поскапите во Европа и изнесува меѓу 1,5 и 3,5 евра за минута, односно околу 12,5 евра за мегабајт (МБ).

Почнува Last Minute Sale во Скопје сити мол

Во текот на шопинг еуфоријата која ќе трае се додека има залихи, односно до нивна распродажба, попусти и до 70 отсто во речиси сите продавници.

Прометот во индустријата за една година пораснал за 6,3 отсто

Прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2017 во однос на ноември 2016 бележи опаѓање од 7,2 отсто.

Ќе се подигаат конкурентноста и извозните перформанси на компаниите

Во текот на следните две години тим на експерти ќе работи со компаниите кои ќе искажат интерес да ги унапредат и усовршат своите производни процеси.

НАЈЧИТАНИ