• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106
Плусинфо12:17 12 јануари 2018 ● Прочитано 4559

Нема само Грција долгови кон меѓународните кредитори, туку и самите Грци имаат обврски кон сопствената држава, пишува германскиот весник „Ханделсблат".

„Грците немаат обврски само кон други земји, но и кон сопствената држава. Според неодамнешните пресметки на грчки независен орган, во ноември минатата година овие долгови првпат надминале 100 милијарди евра - сума еднаква на речиси 55 отсто од БДП на земјата“, се вели во статијата.

Овој износ е двојно поголем од даночните приходи во 2017 година. Станува збор за констатирани даночни обврски. Ако се земе предвид и неплаќањето даноци, тогаш излегува дека оваа сума е многу поголема. Експертите проценуваат дека неплаќањето даноци во Грција на годишна основа изнесува 16 милијарди евра. Тоа одговара на една третина од собраните даночни приходи.

Само бегството од даноци, што доаѓа од неплаќањето ДДВ, изнесува околу шест милијарди евра на годишна основа. Лошите даночни навики во Грција се сметаат за една од причините за економската криза на земјата, истакнува весникот.

Германското економско издание смета дека порано или подоцна, министерот за финансии нема да може да избегне отпишување на голем дел од долговите.

Експертите претпоставуваат дека од овие 102 милијарди евра долг во најдобар случај само една петтина може да се соберат, дидејќи многу должници починаа, а други банкротираа, објаснува „Ханделсблат“. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Заев на средба со Американската стопанска комора AmCham од Албанија

Заев потенцираше дека Македонија работи посветено на унапредување на економската регионална соработка со земјите од регионот...

Бугарската Влада го усвои Меморандумот за поевтин роаминг со Македонија

Во моментов роамингот меѓу двете земји е меѓу поскапите во Европа и изнесува меѓу 1,5 и 3,5 евра за минута, односно околу 12,5 евра за мегабајт (МБ).

Почнува Last Minute Sale во Скопје сити мол

Во текот на шопинг еуфоријата која ќе трае се додека има залихи, односно до нивна распродажба, попусти и до 70 отсто во речиси сите продавници.

Прометот во индустријата за една година пораснал за 6,3 отсто

Прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2017 во однос на ноември 2016 бележи опаѓање од 7,2 отсто.

Ќе се подигаат конкурентноста и извозните перформанси на компаниите

Во текот на следните две години тим на експерти ќе работи со компаниите кои ќе искажат интерес да ги унапредат и усовршат своите производни процеси.

НАЈЧИТАНИ