• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106
Плусинфо12:34 12 јануари 2018 ● Прочитано 4435

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2017 се издадени 229 одобренија за градење, што е за 36,9 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Предвидената вредност на објектите изнесува 1.633.303.000 денари, што е за 72,9 отсто помалку од ноември 2016-та.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 140 (61,1 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 16 (7 отсто) за објекти од нискоградба и 73 (31,9 отсто) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 229 објекти, на 168 (73,4 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 61 (26,6 отсто) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 306 станови со вкупна корисна површина од 29.819 метри квадратни. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Заев на средба со Американската стопанска комора AmCham од Албанија

Заев потенцираше дека Македонија работи посветено на унапредување на економската регионална соработка со земјите од регионот...

Бугарската Влада го усвои Меморандумот за поевтин роаминг со Македонија

Во моментов роамингот меѓу двете земји е меѓу поскапите во Европа и изнесува меѓу 1,5 и 3,5 евра за минута, односно околу 12,5 евра за мегабајт (МБ).

Почнува Last Minute Sale во Скопје сити мол

Во текот на шопинг еуфоријата која ќе трае се додека има залихи, односно до нивна распродажба, попусти и до 70 отсто во речиси сите продавници.

Прометот во индустријата за една година пораснал за 6,3 отсто

Прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2017 во однос на ноември 2016 бележи опаѓање од 7,2 отсто.

Ќе се подигаат конкурентноста и извозните перформанси на компаниите

Во текот на следните две години тим на експерти ќе работи со компаниите кои ќе искажат интерес да ги унапредат и усовршат своите производни процеси.

НАЈЧИТАНИ