• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА13:09 12 јануари 2018 ● Прочитано 4782

По седум години ќе профункционира Јавното претпријатие „Енерго“ Штип, кое во текот на годината треба да ги заврши сите проекти, односно да ја изработи документациијата за да наредната година биде ставена првата гасификациска мрежа, најави штипскиот градоначалник Благој Бочварски по средбата со директорот на Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Македонски енергетски ресурси (МЕР), Благојче Котески.

- Од претходната власт, ова претпријатие било формирано, но за жал не е направен ниту еден чекор во насока на отпочнување на проект за гасификација на Штип. Со што ќе продолжиме со ревидирање на физибилити студијата и ќе продолжиме со изработка на инфраструктурен и основен проект за гасификација на Штип. Во текот на оваа година јас очекувам дека ќе проектираме, ќе ги завршиме сите проектни документации со што за една година очекувам дека доколку тече се како што треба, граѓаните ќе можат да бидат сведоци на поставување на нова алтернативна инфраструктура во градот - вели Бочварски.

Директорот на МЕР, Котески забележа дека Штип ја има шансата да биде првиот град од регионот кој ќе може да се гасифицира и е во предност од останатите општини.

- Општина Штип е во предност затоа што на само три километри се наоѓа главната гасоводна мрежа. Главната мерна регулациона станица е веќе во состојба и е во можност да дава гас за Штип. За штета на Штип е што претходното раководство не си ја завршило својата домашна задача и сега новото општинско раководство предводено од градоначалникот Благој Бочварски ќе мора тоа да го прави од почеток. Но, тука сме да помогнеме не само технички, туку и да помогнеме со знаење се со цел граѓаните на Општина Штип ги добијат бенефитите од гасификацијата -, вели Котески.

Бочварски забележа дека во буџетот на општината предвидени се шест милиони денари за проектите кои треба да го реализира ЈП „Енерго“, а доколку се потребни и дополнителни средства ќе се направи и ребаланс на буџетот. Првично е предвидено да се гасифицираат индустриските објекти, кои се во непосредна близина на гасоводната мрежа на МЕР, а исто така да бидат и опфатени и општинските институции, градинки, училишта и секако домаќинствата. Според Бочварски инвестицијата во секундарната гасоводна мрежа ќе зависи од тоа колку ќе биде разгранета, односно колку повеќе корисници ќе имаат.

- Ќе бараме и пренамена на средства за системите кои што ги има Општина Штип и институциите, а се на греење на нафта и за таков тип на пренамена ќе бараме од Европските фондови сите училишта, градинки и институции час поскоро да имаат системи за греење на гас и со поддршка со нивни средства да ги реализираме, рече Бочварски.

На новинарско прашање дали ќе се решат сите проблеми и забелешки од општинските јавни претпријатија, кои досега ја кочеа гасификацијата на општините во земјава, Котески истакна дека сите проблеми ќе се решат со новиот Закон за енергетика.

- Во редовна собраниска процедура е Законот за енергетика, кој што според сите очекувања треба да биде готов, односно изгласан од страна на Собранието до крајот на месец март. Со новиот Закон за енергетика се регулираат сите нерегулирани области кои што ги имаат како проблем општините, во однос на градењето на дистрибутивната мрежа. Сега општините ќе можат да формираат јавно претпријатие, јавно-приватно партнерство или да ангажираат приватник, кој ќе ја врши диструбуцијата. Се надевам дека со новиот закон сите проблеми кои што беа нема повеќе да ги има, а ако ги има ние стоиме на располагање -рече Котески.

Тој забележа дека општините Штип и Битола се обратиле до МЕР за проектот гасификација и ова се општините, кои имаат и обезбедено свои буџетски средства за почетокот на проектот гасификација. Инаку гасификацијата на Штип ќе значи и поголема заштеда на средствата на сите институции, домаќинства, а исто така и почиста животна средина.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Анѓушев: Процесот на продажба на ЕДС ќе биде транспарентен (ВИДЕО)

И ВМРО ДПМНЕ не си верува на обвинувањата, ако верува тогаш имаме сериозен проблем бидејќи не можат да си излезат од своите оф шор шеми, вели Анѓушев.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ја воведоа обврската граѓаните да станат ДДВ обврзници

Владата на СДСМ ја разгледува можноста за зголемување на прагот за станување ДДВ обврзник.

Алексовска: СДСМ наместо да враќа ДДВ ги оданочува граѓаните

Секој оној кој заработува годишно над 16.000 евра, СДСМ одлучува да го казни и да го задолжи да се регистрира и како ДДВ обврзник, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Компаниите не пројавиле интерес за саемот „Зелена недела “ во Берлин

Министерот за земјодлество Љупло Николовски присуствуваше на форумот одржан во рамки на саемот на тема сточарство.

Американската влада делумно парализирана, Сенатот не донесе привремен буџет

Се очекува делумната парализа на работата на Владата на САД да почне од денеска.

НАЈЧИТАНИ