• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо13:14 12 јануари 2018 ● Прочитано 7839

Еден од најславните француски актери, Ален Делон, вели дека од овој свет ќе отиде без жалење, во интервју објавено во посебен број на францускиот магазин „Пари мaч“, посветен на неговата 60 години долга кариера.

– Животот веќе не ми носи којзнае што. Сè доживеав, видов сè. Но, најмногу од сè затоа што ја мразам оваа епоха, ми се повраќа од неа – објаснил 82-годишниот актер на крајот од интервјуто насловено „Јас, Делон: интервју на неговиот живот“.

Тој додал дека има луѓе што ги мрази, дека смета дека сè е лажно, искривено, дека нема веќе почитување, никој веќе не дава збор.

- Само парите се важни. Цел ден слушаме за злосторства. Знам дека ќе го напуштам овој свет без жалење – рекол Делон.

Речиси сите се мртви, додал актерот, кому пред неколку месеци му почина поранешната партнерка Миреј Дарк, актерка што со него го делеше животот во 70-тите.

Тој напоменал и дека „доцни“ снимањето на неговиот „последен филм“ во кој би требало да глуми со Жулиет Бинош, а би сакал и за последен пат да застане на театарските штици.

Како француски актер Ален Делон ја има освоено наградата Цезар за најдобар актер. Се појавува на филм во 1957 година и брзо станува еден од најатрактивните млади француски актери. Првата позабележителна улога ја имаше во криминалистичкиот филм „Во зенит на сонцето“, во режија на Рене Клемен.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Путин за Богојавление се капеше во ледена вода (ВИДЕО)

На температура од околу шест степени Целзиусови под нулата, Путин скокна по крстот што беше фрлен во водите на Селигер.

Хари и Меган го направија третиот обичај пред венчавката

Хари и Меган се ракуваа со цела низа добронамерници, кои мавтаа со знамиња и ги фотографираа со своите телефони.

Пеле заврши во болница

„Над Пеле се направени неколку тестови кои покажуваа сериозен замор“, соопштија од Асоцијацијата за состојбата на фдбалерот.

Брижит Бардо: Лицемерни и смешни се обвинувањата за сексуални напади

Таа истакна дека никогаш не била жртва на сексуално малтретирање, иако беше секс симбол во 50-тите и 60-тите години на минатиот век.

Тајните служби ја предупредија Иванка Трамп дека нејзината другарка е кинеска шпионка

Венди е поранешна сопруга на Руперт Мердок, сопственикот на „Њуз корп“, а со Иванка се спријателила пред повеќе од 12 години, кога станале сосетки.

НАЈЧИТАНИ