• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106
МИА13:34 12 јануари 2018 ● Прочитано 3061

Македонската ракометна репрезентација претпладнево во „Арена Загреб“ го одржа првиот и единствен тренинг пред дуелот утре со Словенија во „Арена Загреб“. Во полн состав со сите 19 играчи селекторот Раул Гонзалез работеше во подготовка на утрешниот дуел.

- Секако дека првиот натпревар е најважен. Посакуваме победа за да можеме добро да почнеме на првенството. Ова што досега го работевме беа само пријателски натпревари и тренинзи, сега следува вистинското. Словенија е освојувач на медал на последниот Светски шампионат (трето место). Посакувам само да одиграме добар натпревар, изјави селекторот Гонзалез.

За конечниот список од 16 играчи селекторот Гонзалез ќе се изјасни на техничкиот состанок што е закажан за вечерва во 20 часот.

Натпреварот Македонија – Словенија се игра утре со почеток во 19,30 часот во „Арена Загреб“.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Вујовиќ: Македонија ќе има најмалку две победи, дај Боже да освои медал

Селекцијата на Словенија првиот натпревар во Вараждин го игра утре во 20:30 часот против Данска.

Ракометарите ја заслужија првата премија од 30.000 евра

Пласманот во втората фаза на првенството значи и награда од 30.000 евра која ја вети РФМ, по одлуката на Управниот одбор ....

Македонските ракометари заминаа во Вараждин

Македонија е прва во новоформираната група со три пренесени бода од првата фаза.

Македонија напредуваше три места на ФИФА ранг листата

Македонија сега се наоѓа на 73.место со 446 бода, три места погоре од декемвриското рангирање кога беше на 76.позиција.

Раул: Ќе биде чудно против мојата Шпанија

Шпанскиот стручњак додаде дека Македонија може да стигне до полуфинале, иако, како што рече, ќе биде многу тешко против силните противници.

НАЈЧИТАНИ