• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106
Александар Самарџиски13:37 12 јануари 2018 ● Прочитано 4314

Пратеничката група на СДСМ денеска доставила иницијатива и предлози за законски измени кои ако се донесат треба да ги намалат надоместоците за патни трошоци на пратениците за најмалку една третина.

Исто така, со законските измени предлагаат и начин како би се стопирала злоупотребата. Во таа насока од СДСМ предлага надоместоци за патни трошоци да се исплаќаат само за патарини кои ќе бидат платени со личните кредитни картички, а како доказ пратениците да ги доставуваат потврдите дека платиле со картичка и фискална сметка. 

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев на таков начин би се спречила злоупотреба со поднесување на лажни фискални сметки бидејќи доказ дека навистина поминале на патарина ќе биде тоа што времето на двете потврди (фискалната и таа за плаќање со личната кредитна картичка) ќе се совпаѓаат.

Измените кои ги предлагаат се за два закони односно во Законот за плата и надоместоци на пратениците и други именувани лица и во Законот за пратеници. Според актуелното законско решение, во двата закони е предвидено плаќање надоместок за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели во висина од 30 во првиот односно до 30 отсто во вториот закон. Но, според измените тие предлагаат намалување за една третина на овој процент, односно 30 да се замени со 20.

Откако ќе бидат донесени овие законски измени, пратеничката група на СДСМ предлага да се смени и Одлуката за висината на надоместокот на пратениците. Моментално во таа одлука пишува 30 отсто, а според нивниот предлог тие треба да се заменат со 15 отсто од цената на литар гориво по изминат километар.

Иницијативата за промена е доставена до претседателот на Собранието Талат Џафери на 1 декември 2017, а предлог-законите за измени пратениците ги доставиле денес. Од СДСМ велат дека очекуваат во овие законски измени да се вклучат и сите останати пратенички групи, кои досега до Тунтев не доставиле никаков одговор или предлог за промена на иницијатива.

На брифингот со новинарите пратениците од СДСМ истакнаа дека на овие измени може да се гледа и како на привремени бидејќи се подготвени во иднина да дискутираат и за други модели за надоместоци за патни трошоци или евентуално користење на службени станови додека им трае мандатот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Јавен повик за самохрани родители

Граѓаните кои спаѓаат во категоријата- самохран родител и живеат на територија на општина Куманово да се јават во просториите на Општината...

Столтенберг: Заев е мојот херој

Столтенберг, потчукнувајќи го по рамото рече дека тие се пријатели и го нарече премиерот Заев „мој херој“.

Генералниот секретар на НАТО се довезе кај Заев со мерцедесот од 600 илјади евра

На 19 декември Владата соопшти дека „мерцедесот“ од МВР преминал во сопственост на Службата за општи и заеднички работи

Сообраќајот на патот Гостивар-Кичево по една коловозна лента поради сообраќајка

Како што информира АМСМ, причина е сообраќајна несреќа во близина на Трапчин Дол

Ексклузивно: Разговор со италијанскиот сопственик на депонијата Дрисла ВИДЕО

Пародичните вести гледајте ги од 22 часот, веднаш по ракометниот натпревар Македонија-Шпанија на „Телма“

НАЈЧИТАНИ