• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106
МИА14:08 12 јануари 2018 ● Прочитано 3971

Шекеринска: На крајот на месецов ќе ги споделам информациите за 27 април

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска не сака да го коментира вчерашното тврдење на Мунир Пепиќ, обвинет за настаните од 27 април во Собранието, дека и помогнал да го напушти Собранието.

- Не би сакала да говорам за нешта што треба да го констатира истрагата. На крајот на месецов сум поканета како сведок по предметот против човекот што ми ја зададе најголемата повреда на главата. Така што тогаш првпат ќе ги споделам информациите. Навистина не можам да коментирам туѓи изјави, но испадна дека на 27 април сите не спасувале, а ние излеговме со крвави глави - рече Шеќеринска одговарајќи на прашање по положувањето цвеќе на споменикот на загинатите припадници на АРМ во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце.

Полицискиот службеник Пепиќ вчера на отворената седница на Апелацискиот суд во Скопје на која се разгледуваше неговата жалба за продолжување на притворот за уште 30 дена изјави дека на 27 април и облекол докторски мантил на тогашната пратеничка од СДСМ Радмила Шекеринска за да ја евакуираат од Собранието.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Јавен повик за самохрани родители

Граѓаните кои спаѓаат во категоријата- самохран родител и живеат на територија на општина Куманово да се јават во просториите на Општината...

Столтенберг: Заев е мојот херој

Столтенберг, потчукнувајќи го по рамото рече дека тие се пријатели и го нарече премиерот Заев „мој херој“.

Генералниот секретар на НАТО се довезе кај Заев со мерцедесот од 600 илјади евра

На 19 декември Владата соопшти дека „мерцедесот“ од МВР преминал во сопственост на Службата за општи и заеднички работи

Сообраќајот на патот Гостивар-Кичево по една коловозна лента поради сообраќајка

Како што информира АМСМ, причина е сообраќајна несреќа во близина на Трапчин Дол

Ексклузивно: Разговор со италијанскиот сопственик на депонијата Дрисла ВИДЕО

Пародичните вести гледајте ги од 22 часот, веднаш по ракометниот натпревар Македонија-Шпанија на „Телма“

НАЈЧИТАНИ