• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 105
МИА14:46 12 јануари 2018 ● Прочитано 2495

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер вели дека до крајот на овој мандат на Комисијата никој нема да влезе во ЕУ бидејќи не се исполнети условите за тоа. Тој сепак, порачува дека во следниот манднат на ЕК секако дека ќе се работи на тоа.

– Обврска на следната Комисија од ноември 2019 до ноември 2024 година ќе биде да ги насочи државите членки и јавното мислење во тој правец, изјави Јункер по состанок на ЕК и бугарски официјални лица во Софија.

Јункер најави дека во Софија на 17 мај ќе се одржи самит за Западен Балкан и ЕУ и дека тој за време на посети во регионот, планирани за крајот на јануари, лично ќе разгледа очекувања од различни играчи на Западен Балкан.

Тој додаде дека е многу важно за Западен Балкан да задржи и има потврдена европска перспектива.

– Во спротивно, постои опасност во овој комплициран регион на Европа да има настани што може да не вратат во почетокот на 90-те од минатиот век, а тоа секако не го сакаме, изјави Јункер.

– Ако им дадеме перспектива, а најбезбедна е перспективата со изградба на инфраструктура на Балканот мислам дека тоа ќе предизвика поголема компетенција, повеќе инвестиции, туризам и подобра кохезија меѓу културите и граѓаните, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Харадинај алудира за странска вмешаност во убиството на Ивановиќ

Харадинај го осуди убиството на Ивановиќ и побара ова злосторство да не се користи за разни политички цели.

Отворена американската Амбасада во Лондон, вредна една милијарда долари

Со бројни полициски сили, дипломатскиот персонал пристигна во новите простории во југозападниот дел на Лондон.

Ердоган: Турција ќе ги преземе сите мерки да гарантира национална безбедност

Според Ердоган, ваквите дејствија на САД „ќе влијаат на безбедноста во регионот како целина".

Јоксимовиќ: Србија е подготвена да и помогне на Македонија на европскиот пат

Јоксимовиќ и Јовановска разговараа и за претстојната посета на македонскиот вицепремиер за европски прашања- Бујар Османи на Белград

Шешељ: Западните раузнавачки служби се виновни за убиството на Ивановиќ

Мислам дека убијците на Ивановиќ нема да бидат пронајдени, бидејќи сум сигурен оти во убиството се вмешани западните разузнавачки служби...

НАЈЧИТАНИ