• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106
Александар Самарџиски16:08 12 јануари 2018 ● Прочитано 3305

Основниот суд Скопје 1 објави кај кои судии се распоредени предметите на Специјалното јавно обвинителство. Како што информираат, распоредот е направен согласно АКМИС системот за управување со судски предмети и новиот годишен распоред на судиите кој го направи новиот претседател Иван Џолев.

Според распределбата, на поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Тенк“ ќе му суди судијката Добрила Кацарска,како и судијата Душан Јосифов за предметот „Насилство во Центар“. На Сашо Мијалков, бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се дел од обвинетите во „Таргет-Тврдина“ ќе им суди Џанета Бегтовиќ.

Предметите „Сопот“ и „Шпион“ ќе ги суди Владимир Туфегџиќ, додека „Монструм“ се паднал кај судијата Огнен Ставрев.

„За останатите предмети кои сè уште не се распределени и обвинителните акти кои сè уште не се оценети, дополнително ќе информираме“, соопштија од Кривичниот суд.

Распоред на предмети кај судии:

„Тарифа“ – судија Софче Гаврилова – Ефремова;

„Трезор“ – судија Џанета Бегтовиќ;

„Тенк“ – судија Добрила Кацарска;

„Титаник 2“ – судија Огнен Ставрев;

„Топлик“ – судија Осман Шабани;

„Тендери“ – судија Осман Шабани;

„ТНТ“ – судија Огнен Ставрев;

„Траекторија“ – судија Горан Бошевски (стар распоред);

„Триста“ – судија Добрила Кацарска;

„Таргет/Тврдина“ – судија Џанета Бегтовиќ;

„Транспортер“ – судија Добрила Кацарска;

„Сопот“ – судија Владимир Туфегџиќ;

„Шпион“ – судија Владимир Туфегџиќ;

„Монструм“ – судија Огнен Ставрев;

„Тортура“ – судија Александра Ристеска;

„Титаник 3“ – судија Оља Ристова;

„Насилство Општина Центар“ – судија Душан Јосифов;

„Труст“ – судија Лидија Зимбовска (стар распоред).
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Јавен повик за самохрани родители

Граѓаните кои спаѓаат во категоријата- самохран родител и живеат на територија на општина Куманово да се јават во просториите на Општината...

Столтенберг: Заев е мојот херој

Столтенберг, потчукнувајќи го по рамото рече дека тие се пријатели и го нарече премиерот Заев „мој херој“.

Генералниот секретар на НАТО се довезе кај Заев со мерцедесот од 600 илјади евра

На 19 декември Владата соопшти дека „мерцедесот“ од МВР преминал во сопственост на Службата за општи и заеднички работи

Сообраќајот на патот Гостивар-Кичево по една коловозна лента поради сообраќајка

Како што информира АМСМ, причина е сообраќајна несреќа во близина на Трапчин Дол

Ексклузивно: Разговор со италијанскиот сопственик на депонијата Дрисла ВИДЕО

Пародичните вести гледајте ги од 22 часот, веднаш по ракометниот натпревар Македонија-Шпанија на „Телма“

НАЈЧИТАНИ