• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА17:17 12 јануари 2018 ● Прочитано 3398

Иако првиот противник на македонските ракометари на Европското првенство, селекцијата на Словенија има сериозни проблеми околу составот, сепак нивниот селектор Веселин Вујовиќ верува дека неговите избраници можат да ја совладаат Македонија.

Искусниот стратег, кој одличен ги знае можностите на нашата селекција, смета дека брзата игра е предноста која Словенија ќе треба да се искористи.

- Македонија игра бавно и позиционо во нападот. Тие ретко прават технички грешки што им дава поголема предност на теренот. Нам ни останува да го наметнеме брзото темпо на игра. Мислам дека тоа е вистинското решение за да го добиеме противникот. Ги знам нашите предности и ќе се обидаm тоа да им го наметнам на моите ракометари на теренот - изјави црногорскиот стратег на клупата на Словенија.

Што се однесува до здравствениот билтен, за разлика од словенечката репрезентација која се соочува со неколку повредени играчи, во составот на Македонија сè е во најдобар ред, а атмосферата во тимот како и секогаш е на високо ниво.

Селекторот Раул Гонзалес во неколку наврати потенцира дека мечот со Словенија е исклучително важен за понатамошниот тек на шампионатот.

Вториот дуел од Ц групата на Европскиот шампионат, меѓу Македонија и Словенија ќе се игра утре во терминот од 19 часот и 30 минути.

Претходно во терминот од 17 часoт и 15 минути ќе играат Германија и Црна Гора.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Хрватска ја совлада Норвешка и ги задржа шансите за пласман во полуфинале

На полувреме беше 17:15 за Хрватска, во 36. минута Норвешка дојде најблиску до 20:19, но потоа Хрватите дојдоа и до пет голови предност.

Французите ја совладаа Шведска

Актуелните светски шампиони Францусите вечерва во загрепска,, Арена" ја совлада Шведска со 23:17 полувреме 13:10.

Македонија го одработи последниот тренинг пред мечот со Шпанија

Вечерва следува уште видео анализата пред утрешниот дуел со Шпанија кој ќе се игра во вечерниот термин од 20 часот и 30 минути.

Дресен најбрз на спустот во Кицбил

Дресен (24) до својот прв триумф во кариерата во СК, стигна во време од 1 минута и 56,15 секунди.

Победа на Челзи против Брајтон и Хов Албион

Азар со својот втор гол во 77.минута зголеми на 3-0, а конечниот резултат 4-0 го постави Виктор Мозес во последните мигови од средбата (89).

НАЈЧИТАНИ