• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА21:02 12 јануари 2018 ● Прочитано 3205

Селекциите на Исланд и Белорусија со победи го отворија 13-тото Европско ракометно првенство, кое попладнево стартуваше во Хрватска.

Во дуел од А групата, чиј домаќин е градот Сплит, селекцијата на Исланд со 26-24 славеше победа во дуелот против Шведска.

Во вториот меч од оваа група вечерва (20:30 часот) ќе играат домаќинот Хрватска и „лутиот“ ривал Србија.

Во Пореч, каде ќе се играат средбите од Б групата, во првиот меч Белорусија во неизвесен меч ја совлада Австрија минимално со 27-26.

Во вечерниот термин (20:30 часот) актуелниот светски првак Франција за противник ќе ја има селекцијата на Норвешка.

Средбите од 1.коло во Ц и Д групите на програмата се утре, а за нас секако најинтересен ќе биде дуелот во Загреб каде македонските ракометари ќе играат против Словенија. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Хрватска ја совлада Норвешка и ги задржа шансите за пласман во полуфинале

На полувреме беше 17:15 за Хрватска, во 36. минута Норвешка дојде најблиску до 20:19, но потоа Хрватите дојдоа и до пет голови предност.

Французите ја совладаа Шведска

Актуелните светски шампиони Францусите вечерва во загрепска,, Арена" ја совлада Шведска со 23:17 полувреме 13:10.

Македонија го одработи последниот тренинг пред мечот со Шпанија

Вечерва следува уште видео анализата пред утрешниот дуел со Шпанија кој ќе се игра во вечерниот термин од 20 часот и 30 минути.

Дресен најбрз на спустот во Кицбил

Дресен (24) до својот прв триумф во кариерата во СК, стигна во време од 1 минута и 56,15 секунди.

Победа на Челзи против Брајтон и Хов Албион

Азар со својот втор гол во 77.минута зголеми на 3-0, а конечниот резултат 4-0 го постави Виктор Мозес во последните мигови од средбата (89).

НАЈЧИТАНИ