• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106
МИА21:40 12 јануари 2018 ● Прочитано 4318

Албански рибари кај островот Сазан, во близина на Валона „уловиле“ воена мина останата од Втората светска војна, тешка околу 600 килограми.

Мината била во водите на Јонско Море на длабочина од 160 метри и на оддалеченост од околу 14 милји од островот Сазан.

Рибарите ја информирале албанската полиција, која потоа мината ја транспортирала кај воената база „Трипорт“ во близина на Зврлец.

Специјализирани сили на албанската армија ќе извршат понатамошни испитувања врз застарената експлозивна направа, за која рибарите велат дека најверојатно не била експлодирана.

Инаку, островот Сазан, во чија близина била пронајдена бомбата, во минатото на комунистичка Албанија се користел како една од главните воени бази во земјата. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Кулинарска војна помеѓу две држави: Чиј е хумусот?

Во вкусниот намаз од наут уживаат многу луѓе ширум светот, а додека ние уживаме, некаде се водат „војни за хумусот“.

Селфи на Фејсбук ја однесе полицијата до убиецот

И покрај тоа што група корисници на социјалната мрежа испратиле барање за да се отстрани фотографијата, Фејсбук тоа го одбил

Епл ќе плати 38 милијарди долари данок на враќање пари во САД

Епл е последната во низа компании што промовираат планови за вложување во САД по реформата на американскиот даночен систем

Геомагнетна бура утре ќе ја погоди Земјата

Според соопштението на НОАА, оваа геомагнетна бура е класифицирана на скалата од еден до пет како Г-1, што значи дека ќе биде со најслаба јачина.

Зошто Кинезите им облекуваат на децата пантолони со дупки?

Ако се прошетате по улиците во Кина, ќе забележите дека насекаде гледате откриени бебешки газиња. На запад оваа практика сѐ уште предизвикува чудење

НАЈЧИТАНИ