• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 3
Плусинфо21:45 12 јануари 2018 ● Прочитано 5344

Изборот на новите членови на Извршниот комитет и на потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ е на претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

- Централниот комитет ги усвои речиси едногласно, со еден глас против. Инаку, имаше 115 присутни од 135 членови на ЦК. Она што го напоменав пред самиот ЦК е дека ова е првичната бројка од 26 членови на самиот Извршен комитет, истиот ќе се проширува во периодот кој што следува, бидејќи партиското организирање е еден динамичен процес, бара иновирање на истото. Така што, ова е структурата на ИК, кој што во следните две години ќе биде официјално тело, во првична верзија, но во периодот што следува нормално тоа го кажав и пред членовите на ЦК, постои простор за негово зголемување со нови предлози - изјави Мицкоски.

Тој рече дека Илија Димовски и Антонио Милошоски се перфектни луѓе, кои и во партијата и во државата извршувале големи и значајни функции.

- Имаат уште што многу дадат во структурите на партијата, така што не се исклучува никаква можност за понатамошно нивно вклучување во било кој сегмент и во структурата на партијата, се разбира доколку тоа содејствува со нивните амбиции - изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски, биле поканети сите членови на Централниот комитет.

- Во периодот што следува продолжуваат подготовките за она што се вели зголемување на партискиот статут. Дадовме некој рок, кој отприлика би требало да биде крајот на месец јануари, плус минус некоја недела можеби би потребна, зависи од динамиката на изработка на тие статутарни измени - изјави Мицкоски.

Мицкоски на првата седница пред Извршниот комитет ќе го предложи составот на Советот на Извршниот комитет, со што Извршниот комитет ќе може да одлучи дали ќе го прифати неговиот предлог или не. Тој најави дека кога ќе биде подготвено и телото на Советот на претседателот на партијата и тоа ќе биде презентирано пред ИК, кој ќе треба и таму да се произнесе.

Во следниот период ќе се почне со избор на претседатели на општинските комитети, но пред тоа ќе се ажурира членството на партијата.

- За нас е важно ние куќата да почнеме да ја градиме од темелите, за да дојдеме до кровот и тука мора да има јасна методологија на чекори кои што во периодот кој што следи ние ќе ги преземеме. Така што еден по друг чекор ќе следат овие активности. Секако ќе имаме нови претседатели на Општинските комитети, онаму каде што мандатот е истечен, онаму каде што е констатирана потреба дека претседателот на ОК е неопходно да биде променет со друг, во интерес на подобрување на функционирањето на самиот ОК и тоа ќе го направиме. Во овој момент не би имал што додадам, освен да следите внимателно како ќе постапува ВМРО-ДПМНЕ во периодот што следува и да се надеваме дека што е можно побрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната Влада во Република Македонија - изјави Мицкоски и додаде дека вицепремиерот Бујар Османи не го контактирал за средба околу спорот со името, иако тоа го најавил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Облачно со повремен дожд и снег

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од пет до девет степени.

Најстудено во Крива Паланка, најмногу дожд во Дебар

Утрово е најстудено во Крива Паланка, минус четири степени, а максимални три се измерени во Претор.

Патиштата влажни, магла на Плетвар и во Неготино

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

МЗ: Комисија ќе истражува како починала родилката во приватната болница

Родилката починала во четвртокот, а во болницата требало да се породи со своето прво дете.

Магла на Плетвар видливост од 50 до 100 метри

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

НАЈЧИТАНИ