• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 3
МИА21:53 12 јануари 2018 ● Прочитано 3232

За деталите и неопходните активности што треба да се преземат за отворање на граничниот премин Преспа, во грчкото Министерство за надворешни работи денеска се одржа состанок на надлежните министри од грчката Влада.

Од Министерството за надворешни работи на Грција, јавува дописникот на МИА од Атина, соопштуваат дека сите учесници на состанок ја истакнале важноста на проектот за локалната економија и за зајакнување на односите меѓу Грција, Македонија и Албанија. Во однос на финансирањето на проектот, намерата е да се искористат средства од прекуграничната програма меѓу Македонија и Грција (interreg).

- Разговорите се фокусираа на неопходната подготовка за да се обезбеди пристап до преминот Преспа преку езеро и копно. Затоа, потребно е да се изгради пат, како и објекти во кои ќе биде сместена царинска служба и пасошка контрола - соопштуваат од грчкото МНР, пренесува МИА.

На состанокот, освен шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, учествувале и алтернативниот министер за цивилна заштита, Никос Тоскас, заменикот министер за економија, Екатерини Папанациу, префектот на областа Западна Македонија, Теодорос Карипидис, како и претставници на министерствата за одбрана и транспорт и врски. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Облачно со повремен дожд и снег

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од пет до девет степени.

Најстудено во Крива Паланка, најмногу дожд во Дебар

Утрово е најстудено во Крива Паланка, минус четири степени, а максимални три се измерени во Претор.

Патиштата влажни, магла на Плетвар и во Неготино

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

МЗ: Комисија ќе истражува како починала родилката во приватната болница

Родилката починала во четвртокот, а во болницата требало да се породи со своето прво дете.

Магла на Плетвар видливост од 50 до 100 метри

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

НАЈЧИТАНИ