• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 3
Плусинфо21:58 12 јануари 2018 ● Прочитано 2339

Две лица се повредени во директен судир на два автомобила со кумановски регистарски ознаки на регионалниот пат Куманово-Матејче во село Отља, Липковско, информираше СВР Куманово.

Во сообраќајната несреќа, што се случи денеска околу 16.30 часот на мост во селото, учествувале два автомобила „фолксваген венто“ управуван од 46-годишниот А.М., кој се движел кон Куманово и „форд фиеста“ управуван од 22-годишниот С.Н., кои директно се судриле. Возачот и совозачот во „форд фиестата“ се пренесени во кумановската болница каде им се констатирани телесни повреди.

СВР Куманово изврши увид во сообраќајната несреќа. Сообраќајот на овој регионален пат беше во прекин речиси два часа, по што е нормализиран. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Облачно со повремен дожд и снег

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од пет до девет степени.

Најстудено во Крива Паланка, најмногу дожд во Дебар

Утрово е најстудено во Крива Паланка, минус четири степени, а максимални три се измерени во Претор.

Патиштата влажни, магла на Плетвар и во Неготино

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

МЗ: Комисија ќе истражува како починала родилката во приватната болница

Родилката починала во четвртокот, а во болницата требало да се породи со своето прво дете.

Магла на Плетвар видливост од 50 до 100 метри

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

НАЈЧИТАНИ