• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 2
МИА22:00 12 јануари 2018 ● Прочитано 3468

Косовскиот претседател Хашим Тачи постигнал договор со американска лоби компанија која треба да му помогне во подобрување на односите со САД.

Овие услуги за компанијата, за која се смета дека е блиска до американскиот претседател Доналд Трамп, косовската држава ќе ја чинат 52 илјади долари месечно или над милион долари за две години.

- Договорот е потпишан на 22 декември 2017 година, денот кога Тачи се обиде да го укине Специјалниот суд. Компанијата идентични услуги им даваше и на двајцата добри пријатели на Тачи, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама -констатира приштинскиот весник „Експрес“.

Компанијата „Балард партнерс“, која ја раководи лобистот Брајан Балард, според весникот, треба да помогне во подобрувањето на имиџот на Тачи меѓу Амерканците. Балард е близок соработник со Трамп и беше ангажиран во неговата изборна кампања.

Договорот важи до 21 декември 2019 година и во тој период вкупниот износ на пари ќе биде исплатен во осум рати. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Собири низ светот против Трамп и сексуалното возменирување

Протестот во Њујорк е еден од над 200 такви акции кои викендот се планирани низ светот.

Во пожар во индиска фабрика за петарди загинаа најмалку 17 лица

Дванаесет противпожарнии возила три часа го гаснеа огнот.

Меркел: Бугарија да ја забрза европската интеграција на Западен Балкан

Меркел, која е во посета наСофија на покана на премиерот Бојко Борисов, истакна дека Бугарија многу добро се подготвила за претседавањето со ЕУ.

Нападнат хотел во Кабул, се пука во гостите (ВИДЕО)

Се претпоставува дека напаѓачите се талибанци кои ги ликвидираат гостите.

Турција бомбардира цели во северозападна Сирија

Дел од турските медиуми објавија дека група борци на сириската опозиција, поддржана од Турција, се упатила кон Африн како дел од турската офанзива.

НАЈЧИТАНИ