• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА10:10 13 јануари 2018 ● Прочитано 2894

Домаќинот на Европското ракометно првенство, репрезентацијата на Хрватска оствари убедлива победа со 10 голови разлика (32:22) во дербито со Србија.

Предводени од Лино Червар на селекторското место и од Лука Циндриќ на плејмејкерската позиција, Хрватите ја потврдија улогата на фаворит и на задоволство на 11-илјадната публика во „Спаладиум Арена“ ги освоија првите два бода.

Вардарецот Циндриќ беше задоволен од начинот на кој неговото репрезентација го отвори првенството.

- Важно е што стартувавме со победа. На крајот победивме со неочекувано висока разлика. Им честитам на моите соиграчи за борбеноста од првата до последната минута. Игравме така како што се договоривме - изјави Циндриќ.

По првата рунда во А-групата, Хрватска и Исланд имаат по два бода, Шведска и Србија се без бодови.

Првото коло синоќа се комплетира и во Б-групата, по кое првите победи ги постигнаа Франција и Белорусија над своите ривали Норвешка, односно Австрија. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Хрватска ја совлада Норвешка и ги задржа шансите за пласман во полуфинале

На полувреме беше 17:15 за Хрватска, во 36. минута Норвешка дојде најблиску до 20:19, но потоа Хрватите дојдоа и до пет голови предност.

Французите ја совладаа Шведска

Актуелните светски шампиони Францусите вечерва во загрепска,, Арена" ја совлада Шведска со 23:17 полувреме 13:10.

Македонија го одработи последниот тренинг пред мечот со Шпанија

Вечерва следува уште видео анализата пред утрешниот дуел со Шпанија кој ќе се игра во вечерниот термин од 20 часот и 30 минути.

Дресен најбрз на спустот во Кицбил

Дресен (24) до својот прв триумф во кариерата во СК, стигна во време од 1 минута и 56,15 секунди.

Победа на Челзи против Брајтон и Хов Албион

Азар со својот втор гол во 77.минута зголеми на 3-0, а конечниот резултат 4-0 го постави Виктор Мозес во последните мигови од средбата (89).

НАЈЧИТАНИ