• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА10:16 13 јануари 2018 ● Прочитано 2581

Американците не сакаат телевизиската водителка Опра Винфри да се кандидира за претседател, покажуваат податоците од новата анкета на институтот „Марист Пол", јави АФП.

Анкетата, во која учествувале 1.350 лица и која била направена во периодот од понеделник до среда, покажува дека само 35 проценти од Американците сакаат Опра да се кандидира на изборите во 2020 година.

Ако сепак Опра се кандидира, тогаш, според анкетата, 50 проценти од Американците се подготвени да гласаат за неа наспроти 39 проценти кои би гласале за Доналд Трамп, во случај тој да се бори против неа. Другите испитаници немаат став.

Анкетата, исто така, покажува дека 64 проценти од испитаниците имаат генерално позитивно мислење за телевизиската водителка.

Шпекулациите дека Опра Винфри може да се кандидира за претседател се засилија откако таа одржа инспиративен говор на церемонијата за наградите Златен глобус, во кој се заложи за жените злоставувани од мажи. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Собири низ светот против Трамп и сексуалното возменирување

Протестот во Њујорк е еден од над 200 такви акции кои викендот се планирани низ светот.

Во пожар во индиска фабрика за петарди загинаа најмалку 17 лица

Дванаесет противпожарнии возила три часа го гаснеа огнот.

Меркел: Бугарија да ја забрза европската интеграција на Западен Балкан

Меркел, која е во посета наСофија на покана на премиерот Бојко Борисов, истакна дека Бугарија многу добро се подготвила за претседавањето со ЕУ.

Нападнат хотел во Кабул, се пука во гостите (ВИДЕО)

Се претпоставува дека напаѓачите се талибанци кои ги ликвидираат гостите.

Турција бомбардира цели во северозападна Сирија

Дел од турските медиуми објавија дека група борци на сириската опозиција, поддржана од Турција, се упатила кон Африн како дел од турската офанзива.

НАЈЧИТАНИ