• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 108
Плусинфо11:34 13 јануари 2018 ● Прочитано 3364

Штипјанец бил нападнат додека седел во угостителски објект во друштво на неговата сопруга, ноќеска во Штип, соопшти полицијата.
З.А. (30) појаснил дека околу 00,30 часот, од зад грб му пришол О.О. (32) од Штип, кој го удрил со тупаница во пределот на лицето, а потоа во пределот на телото. З.А. станал, но во истиот момент дошло обезбедувањето, по што ги раздвоиле и ги отстраниле од објектот.

Од нападот, З.А. се здобил со повреди и се упатил во Клиничка болница Штип на лекарски преглед, но додека бил на приемното одделение, пристигнал О.О. во друштво со лицето Д.К. (29) од Штип, и физички го нападнале. Од ударите З.А. паднал под масата за преглед, по што О.О. и Д.К. ја свртеле масата и со неа почнале да го удираат по телото. Според пријавеното, напаѓачите го удирале З.А. и со други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Иванов: Да не се носат избрзани одлуки

Тој оцени дека има забрзана динамика и во однос на прашањето за името со соседна Грција, но, како што рече, треба да се внимава брзајќи да не излетаме

Димитров: Главен интерес е да го сочуваме идентитетот бидејќи сме и ќе бидеме Македонци

Димитров рече дека разговараат со раководството на Грција, Владата, министерот, односно со тие што ја водат надворешната политика.

Јавен повик за самохрани родители

Граѓаните кои спаѓаат во категоријата- самохран родител и живеат на територија на општина Куманово да се јават во просториите на Општината...

Столтенберг: Заев е мојот херој

Столтенберг, потчукнувајќи го по рамото рече дека тие се пријатели и го нарече премиерот Заев „мој херој“.

Генералниот секретар на НАТО се довезе кај Заев со мерцедесот од 600 илјади евра

На 19 декември Владата соопшти дека „мерцедесот“ од МВР преминал во сопственост на Службата за општи и заеднички работи

НАЈЧИТАНИ