• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо11:45 13 јануари 2018 ● Прочитано 2432

Двајца насилници од Прилеп добија кривични пријави откако без причина нападнале сограѓанин и му го запалиле авотмобилот, соопшти полицијата. 

Оштетениот П. Л. со неговиот другар со патничко возило „пежо 306“ се паркирал пред продавница на ул. Марксова за да купат јадење. Во еден момент до него се доближило возило „ауди 3“ во кое биле пријавените. Д.В. (26) без никакво предупредување му удрил шамар на оштетениот. Во тој момент, П.Л. му се извинил ако му има направено нешто лошо и им рекол дека не ги познава, но Д.В. и Б.Ј. (21) се нафрлиле на него и го удриле по грбот и рамото. П.Л. се обидел да им побегне, а пријавените го стасале набргу и почнале да го удираат со тупаници, при што му нанеле тешки телесни повреди. 

По кратка борба оштетениот успеал да избега, а пријавените зеле еден клуч за тркала и една пумпа и со тие предмети почнале да го кршат возилото на оштетениот. После тоа, Д.В. го зел возилото на П.Л. „пежо“ и заминал на автопатот за Битола, каде што со запалива течност го полил и тоа изгорело целосно. Со извршеното дело Д.В. и Б.Ј. предизвикале материјална штета од 90.000 денари.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

МЗ: Комисија ќе истражува како починала родилката во приватната болница

Родилката починала во четвртокот, а во болницата требало да се породи со своето прво дете.

Магла на Плетвар видливост од 50 до 100 метри

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Стевананџија Данев и Димовски најдолго на собраниската говорница

Димитар Стевананџија од мај до август лани дискутирал 236 минути, Драган Данев со 233 минути и Илија Димовски 221 минута.

Пратениците ја почнуваат расправата за намалување на патните трошоци

За следната недела се најавени седници на три комисии кои ќе расправаат по предлото за измени на два закона од страна на СДСМ.

Пожар во стан во Карпош, нема повредени

Пожарот е изгаснат и е причинета само материјална штета, нп нема повредени.

НАЈЧИТАНИ