• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Ристо Лазаров12:40 13 јануари 2018 ● Прочитано 5704

Овде уште не е објавен никаков резултат од првиот ден на претседателските избори, освен дека на нив својот глас го дале две петини од гласачите и прогнозата дека, денес, на вториот ден на изборите, излезноста ќе се заокружи на околу 60 отсто.

Првиот изборен ден помина во сенка на скандалот што непосредно пред приоѓањето на претседателот Земан до избирачката кутија, го приреди украинската феминистка, за која подоцна се дозна дека се вика Ангелина Дујашова. Сосема неочекувано, од толпата новинари која го следеше гласањето на претседателот, таа истрча голограда и силно извикуваше дека „Земан е проститутка на Путин“. Тоа го имаше напишано и на голите гради. Полицијата реагираше брзо, како што потоа брзо соопшти дека уапсената протестанка е членка на феминистичкото движење ФЕМЕН од Украина, дека се вика Ангелина Дијашова и дека ова не е првпат да приредува вакви претстави.

Во јули минатата година на прес-конференцијата на белорускиот претседател Александар Лукашенко и неговиот украински колега Петар Порошенко, извикувала слогани кои ја промовирале слободата на Белорусија и крајот на диктатурата на Лукашенко. Според украинските медиуми, за тој испад таа се соочува со закана со затвор од две до шест години. Истата Ангелина лани во септември протестирала и за кусо време ја прекинала церемонијата пред фудбалскиот меч меѓу Украина и Турција, нарекувајќи го турскиот претседател Ердоган убиец. Учествувала и на протестите на Мајдан во Киев. Нејзината прашка претстава траеше неколку секунди, Земан потоа мирно го спушти своето ливче во гласачката кутија и изборите продолжија. Не баш како ништо да не било. Противкандидатите на Земан го осудија овој инцидент, а премиерот Бабиш изјави: „Не сме во Русија!“

Социјалните мрежи, пак, првиот изборен ден беа речиси преплавени со лаги, главно поврзани со претседателот Земан. Се појавија масовни повици до гласачите „во првиот круг да не гласаат за Земан, бидејќи тој наводно, според измените на законот од оваа година, како претседател автоматски влегува во ториот круг“. Имаше и упатување на бирачите на Земан своите гласови да ги испраќаат директно во претседателската канцеларија“. Ваквите постови го натераа да се огласи и министерот за внатрешни работи кој предупреди дека ваквите истапи се кривично дело и за нив се одговара според законот.

Според анкетите пред почнувањето на изборите, главни фаворити за директен дуел во вториот круг се Милош Земан и Јиржи Драхош, професор по биологија и академик. Според тие сондажи, Земан би имал предност во вториот круг - неговата популарност овде расте од бегалската криза во 2015 година. Неговите становишта по ова прашање се блиски со оние на Унгарецот Орбан и Полјакот Каќињски. Германските медиуми, на пример, отворено го нарекуваат популист, а Би-би-си го претстави како човек со поглед кон исток.

Вториот гласачки ден завршува денеска во 14 часот, а објавувањето на првите прелиминарни резултати се очекува околу 20 часот, што ќе биде и прво излегување на изборната комисија пред јавноста. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Над 677 илјади корисници на Твитер во САД следеле лажни руски сметки (ГАЛЕРИЈА)

Гигантот на социјалните медиуми откри дека ИРА преку своите 3.814 сметки објавила „175.993 твитови, од кои приближно 8.4% се поврзани со изборите“.

Путин ги споредува Ленин и комунизмот со христијанството

Рускиот претседател Владимир Путин го спореди Владимир Ленин со светец и изјави дека советските комунистички идеи доаѓаат од Библијата.

ПРОФИЛ Оливер Ивановиќ: Тврдиот орев брутално скршен

Ивановиќ беше неомилен лик кај актуелните власти во Белград, а против него со месеци провладините медиуми водеа црна кампања

Што мисли светот за политичката позадина на убиството на Оливер Ивановиќ

Убиството на Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица е еден од оние настани кој секој мир може да го претворат во војна и секоја војна во мир.

Новата чешка Влада не доби доверба

По минатонеделното одложување на гласањето, синоќа Бабиш ги доби гласовите само на своето движење АНО, додека останатите присутни беа против.

НАЈЧИТАНИ