• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА13:01 13 јануари 2018 ● Прочитано 3302

Поранешниот светски рекет број 1 Новак Ѓоковиќ информира дека не е 100 проценти здрав, но дека ситуацијата со повредената рака е подобрена и дека е пресреќен што ќе се врати на теренот на Австралија опен.

- Никогаш немав толку долга пауза и мило ми е што сум тука повторно. Ми недостигаа натпревари на големите турнири. Во исто време, имав во изминатите шест месеци многу време за моето семејство, бев во можност да се одморам и освежам. Сега повторно сум овде. Кај мене има страст за тенис и гори во мене стариот оган - рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата во Мелбурн.

Тој дополни дека повредениот лакт не е сосема здрав, но е во состојба да биде конкурентен.

- Не знам како ќе бидам за време на турнирот, особено по пауза од шест месеци. Најважно е дека сторив сè за да играм - потенцира шесткратниот шампион во Мелбурн.

Во првиот круг, ноќта помеѓу недела и понеделник, Србинот ќе игра против Доналд Јанг од САД. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Хрватска ја совлада Норвешка и ги задржа шансите за пласман во полуфинале

На полувреме беше 17:15 за Хрватска, во 36. минута Норвешка дојде најблиску до 20:19, но потоа Хрватите дојдоа и до пет голови предност.

Французите ја совладаа Шведска

Актуелните светски шампиони Францусите вечерва во загрепска,, Арена" ја совлада Шведска со 23:17 полувреме 13:10.

Македонија го одработи последниот тренинг пред мечот со Шпанија

Вечерва следува уште видео анализата пред утрешниот дуел со Шпанија кој ќе се игра во вечерниот термин од 20 часот и 30 минути.

Дресен најбрз на спустот во Кицбил

Дресен (24) до својот прв триумф во кариерата во СК, стигна во време од 1 минута и 56,15 секунди.

Победа на Челзи против Брајтон и Хов Албион

Азар со својот втор гол во 77.минута зголеми на 3-0, а конечниот резултат 4-0 го постави Виктор Мозес во последните мигови од средбата (89).

НАЈЧИТАНИ