• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА14:25 13 јануари 2018 ● Прочитано 5545

Вработените во „Фени“ не се за издавање на нивната фабрика под наем, затоа што со тоа нема никаква иднина за вработените, а закупецот може во секој момент да си оди затоа што не платил ниту денар за фабриката, ниту има некаква инвестиција во неа.

Ова го истакна денеска Ѓоре Палитов, претседател на Синдикалната организација во кавадаречкиот комбинат. Тој рече дека нема да дозволат некој да прави краткорочни профити без да инвестира и без да се знае судбината на сите вработени и на побарувањата на сите доверители.

- Стечајот треба да заврши во најкраток рок, како и што ни беше ветено, независно дали Апелација ќе ја врати фабриката во предстечајна постапка или преку реорганизација - апелираше Палитов до надлежните институции.

Тој се осврна и на, како што рече, вчерашните обвинувања кон него како претседател на Синдикалната организација при „Фени Индустри АД“, од страна на некои медиуми.

- Имено, јас ја имав таа несреќа да бидам претседател на Синдикатот на „Фени“ во можеби најтешкиот период во последните 15 години. Но во едно сум сигурен, а тоа е дека ја извршувам оваа функција максимално транспарентно, со преголема енергија и само со една цел, враќање на „Фени“ на правите патеки, односно помагање за рестартирање на комбинатот. Во согласност со ова како и за моите колеги, јас како борец за општото добро сум во постојан контакт и со другите загрозени субјекти од овој стечај, а тука спаѓаат и транспортерите. Точно е дека јас бев присутен на тој состанок по нивно барање и разговаравме за моменталните проблеми и евентуалните последици за сите нас. Ниту имам лична корист од некого да фаворизирам, ниту имам желба да критикувам. Имам улога на лидер на вработените и тоа го правам. Ние само сакаме „Фени“ да добие сопственици кои го сакаат најдоброто за фабриката и кои се подготвени да инвестираат во неа - рече тој.

На сите кои се служат со закани и уцени, им порача да се појават јавно и да не се кријат, затоа што, како што нагласи, ќе им следи и кривична пријава. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Анѓушев: Процесот на продажба на ЕДС ќе биде транспарентен (ВИДЕО)

И ВМРО ДПМНЕ не си верува на обвинувањата, ако верува тогаш имаме сериозен проблем бидејќи не можат да си излезат од своите оф шор шеми, вели Анѓушев.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ја воведоа обврската граѓаните да станат ДДВ обврзници

Владата на СДСМ ја разгледува можноста за зголемување на прагот за станување ДДВ обврзник.

Алексовска: СДСМ наместо да враќа ДДВ ги оданочува граѓаните

Секој оној кој заработува годишно над 16.000 евра, СДСМ одлучува да го казни и да го задолжи да се регистрира и како ДДВ обврзник, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Компаниите не пројавиле интерес за саемот „Зелена недела “ во Берлин

Министерот за земјодлество Љупло Николовски присуствуваше на форумот одржан во рамки на саемот на тема сточарство.

Американската влада делумно парализирана, Сенатот не донесе привремен буџет

Се очекува делумната парализа на работата на Владата на САД да почне од денеска.

НАЈЧИТАНИ