• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА17:58 13 јануари 2018 ● Прочитано 3257

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, денеска заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, присуствуваше на официјалното претставување на заедничката кандидатура на Словенија, Македонија и Црна Гора како ко-оорганизатори на Европското првенство за жени во 2022 година.

- Оптимист сум и верувам дека имаме големи шанси да ја добиеме организацијата на ЕП за жени 2022 година. Скопје во оваа организација се вклучува заедно со Љубљана и со Подгорица и веруваме дека регионално можеме да направиме многу за развој на ракометот. Ќе биде тоа одлична презентација на градот Скопје и на нашата земја Македонија. Што се однесува до ракометот, ќе биде одлична можност да го подигнеме и нивото на женскиот репрезентативен ракомет кај нас, кој јасно е дека стагнира во однос на машкиот - изјави Мукаетов.

ЕХФ треба да одлучи оваа година за домаќинот на ЕП 2022.

Како куриозитет, трите држави заеднички кандидати за организација на женското ЕП, се ривали во групата Ц на ЕП во Хрватска.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Хрватска ја совлада Норвешка и ги задржа шансите за пласман во полуфинале

На полувреме беше 17:15 за Хрватска, во 36. минута Норвешка дојде најблиску до 20:19, но потоа Хрватите дојдоа и до пет голови предност.

Французите ја совладаа Шведска

Актуелните светски шампиони Францусите вечерва во загрепска,, Арена" ја совлада Шведска со 23:17 полувреме 13:10.

Македонија го одработи последниот тренинг пред мечот со Шпанија

Вечерва следува уште видео анализата пред утрешниот дуел со Шпанија кој ќе се игра во вечерниот термин од 20 часот и 30 минути.

Дресен најбрз на спустот во Кицбил

Дресен (24) до својот прв триумф во кариерата во СК, стигна во време од 1 минута и 56,15 секунди.

Победа на Челзи против Брајтон и Хов Албион

Азар со својот втор гол во 77.минута зголеми на 3-0, а конечниот резултат 4-0 го постави Виктор Мозес во последните мигови од средбата (89).

НАЈЧИТАНИ