• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо19:37 13 јануари 2018 ● Прочитано 5125

Од машка точка на гледање, новогодишниот феномен може да се подели во три фази: детство, младост и зрелост.

Во детството чекаме подароци, бидејќи тоа - од гледна точка на детето – е единствената функција на овој феномен. Родителите тоа го имаат на ум, но не замараа со своите домашни прослави на кои носат различни пријатели, роднини и познаници, а тие нас децата не гњават и, стискаат, штипат за образите и носат подароци кои не не интересираат или ни се гадат. А и подароците од родителите не беа нешто во моето детство: јас сакав електричен воз каков што сите го гледавме во излогот на американската читална во Кнез Михајлова, а тие ќе ми купат нешто плехано на навивање. Па после се чудат зошто во шеесеттите години им мававме по читалната и ја боевме во црвено во текот на ноќта. Тоа не беше –мислам сега - поради војната во Виетнам, туку поради тие електрични возови во кои бевме загледани со носињата залепени на ладниот излог, пишува Милош Васиќ во Време.

Како што детето расте, така полека наоѓа и некое уживање во тие родителски новогодишни забави: елките не ме импресионира никогаш и едвај дочекав да престанам да ги китам, штом моите деца пораснаа. Отсекогаш сум ги купувал во вреќа и веднаш ги пресадував во земја. Ден-денес гледам во една под прозорецот, а ги има уште, главно низ блокот 70; сите стојат, иако не за долго.

Како второ, елките со украси ги возбудуваат мачките, и најдобрата одбрана се надуени балони кои пукаат кога ќе се боцнат со канџите, па мачката ќе се исплаши и веќе не приоѓа. Пред пубертетот забавите стануваат поинтересни: доаѓаат некои убави, весели и насмеани жени, веќе се фура рокенрол и тоа веќе не е она досадувањето од претходно. Ме разбирате?

Младоста почнува кога Новата година ќе почнеме да ја чекаме на журките кај другарите и другарките кои успеале да ги протераат родителите на неколку дена некаде. Тука се организира музика, некој залак и некој пијалок, и по полноќ се одеше колективно (поточно: чопоративно) во центарот на градот, пешки, се разбира, таму да се извикааме и веселиме додека не смрзнеме и тргнеме пешки дома; тоа одење до дома целосно ќе не отрезнеше, па затоа беше здраво.

Понекогаш Новата година се паѓаше во зима, знаете, па беше задолжително под нулата и со снег. Се сеќавам и ден-денес како чекорам нагоре по Булеварот до Ѓерам, сѐ е заледено, да не даде господ, а некој веселник се обидува да се искачи со стариот Мерцедес 190 до Липов лад; му успеа дури во четвртиот обид, кога се залета од Вуковит споменик. Во тоа време немаше семафори на таа релација.

Потоа имаше и други климатски услови: во почетокот на осумдесеттите години, на еден 31 декември беше плус 15 степени, и јас од Звездара до Браќа Југовиќи и назад одев со велосипед. Таму - во Браќа Југовиќи - имаше одлично друштво и траеше до пет наутро; беше Горан Бреговиќ, кој не ме импресионира и Љиља Тица, што ме импресионира.

Како што машкото дете созрева, така се помалку сака журки, парти и дернеци, до одење таму некаде со кршење на сообраќајните прописи и веќе разбирате. Тогаш веќе нема потреба од мување риби (што смувавме, смувавме...), се повеќе ни се јаде и пие нешто добро, а и децата ...
Кафеаните веќе станаа одвратно место за дочеци или тоа на нас така ни се чинеше. Одамна беше минато времето кога како бруцоши Новата година ја чекавме во Три шешира, покрај печка и пифтии (за повеќе немавме). Па правевме се поограничени (во смисла на присутни) журки по куќите, сè убаво и мирно. Децата добиваа подароци и вечера и беа бркани во кревет од каде доаѓаа од време на време под проѕирниот изговор („ми се мочка, гладна сум“ итн.).

Тогаш го воведовме обичајот да го исклучуваме телевизорот веднаш, околу осум најдоцна. Кој би ги гледал тие глупости уште? Исто и денес: Тања и јас имавме избор на ЦД-а за таа ноќ помеѓу 31 декември и 1 јануари. Најчесто Боб Дилан, заедно со Џони Штулиќ, благодарам на прашањето. Телевизорот беше исклучен до први на пладне, затоа што Тања гледаше скокови од скокалница. Виенските концерти беа и останаа - ако ме прашувате мене и Тања – комплетно замарање и кич кој не може да се искаже со зборови; тоа нека го следи белградската црна реакција и аграмарските австрискохрватските баби.

Но, да се вратиме на историјата. Мојата најомилена Нова година се случи на Црес (1971-1972). Само што се бев вратил од белиот свет со ПТСП со моќност од девет Бофори, отидов таму за да се средам кај мојот пријател и учител од школото на животот, Иво Јакаш. Претходно со товарен брод од Плимут во Риека ни пристигна едрилицата Westerly Cirrus (27 стапки), па ја извлековме на суво во Цреското бродоградилиште и ја средувавме како што Иво (скиперот) сметаше дека треба. Времето беше како на Црес: од 18 до 22 степени, фала многу, сè во маица и на благо сонце. Така работевме од утро до ноќ и околу Божиќ се расправавме со локалниот свештеник за тоа дали треба да се работи на празници. Пречесниот беше благородна душа и склон на пиење, па лесно се согласивме. Таа Нова Година ми помина во мирисот на свежо пилена и хоблована тиковина (не прашувајте од каде, не сум сигурен дека настапило застарување), со зуењето на дупчалката и со мирисот на машинската работилница на бродоградилиштето.

А што јадевме? Е, вака: салати од октоподи, мали лигњички (големина на палец) пропржени на маслиново масло додека изброиш до десет, потоа превртени и повторно исто; компири и блитва и црвено вино, фала многу. Повеќе и не се сеќавам на таа Нова Година, освен дека отидовме рано да спиеме. Фала богу, на Црес не се пукаше, што е уште една од моите забелешки на варварските обичаи источно од Црес.

Една нова година во Загреб гледав рафали од светлечка муниција со часови; на една малку фалеше нашиот весел сосед да нè застрела. До денешен ден се ужаснувам од тие пукања и трошење муниција која може и подобро да се искористи ... Сега да не должам.

Во зрелата и разведена фаза, мажот го чекаат разни новогодишни заседи. Таман малку се опуштил и тргнал во живот исполнет со „контемплација на убавото“ (Марко Аврелиј за животот на еден маж кога ќе наполни 40 години и сѐ видел и слушнал) кога тоа ...

Ете, ајде да го земеме овој пример: човек само што тргнал во своето омилено кафуле „Двориште“, кога на улица наидува на згодна, секси и итра млада жена. Каде се упатил во новогодишната ноќ, го прашува; па во кафуле, вели тој. „Ајде прво кај мене, блиску е, вели таа и го убедува со два збора (дипломатски ...). Рез. По неопределено долго време, нашиот субјект се буди со сува уста, во топлина, во целосна темнина и не знаејќи каде е. Пипа околу себа, пофаќа нешто убаво, мазно, округло и цврсто: аха, добро е, женско е. Некако се извлекува под заспаната убавица, ја наоѓа кујната, се напива вода и сфаќа каде е и зошто. Полноќта поминала одамна.

Новата година е значи, работа на возраста и - среќата, кој ја има. Без телевизор и спиење во кревет поставен во мртов агол поради можните и веројатни упукувања, како што се нарекуваат денес. Руската (француска) салата, сармата и печењето се добри ако не се претерува. Затоа се седи и се слуша некоја пријатна музика, и гледајте се додека можете.

Подготви: А.Ј.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Над 677 илјади корисници на Твитер во САД следеле лажни руски сметки (ГАЛЕРИЈА)

Гигантот на социјалните медиуми откри дека ИРА преку своите 3.814 сметки објавила „175.993 твитови, од кои приближно 8.4% се поврзани со изборите“.

Путин ги споредува Ленин и комунизмот со христијанството

Рускиот претседател Владимир Путин го спореди Владимир Ленин со светец и изјави дека советските комунистички идеи доаѓаат од Библијата.

ПРОФИЛ Оливер Ивановиќ: Тврдиот орев брутално скршен

Ивановиќ беше неомилен лик кај актуелните власти во Белград, а против него со месеци провладините медиуми водеа црна кампања

Што мисли светот за политичката позадина на убиството на Оливер Ивановиќ

Убиството на Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица е еден од оние настани кој секој мир може да го претворат во војна и секоја војна во мир.

Новата чешка Влада не доби доверба

По минатонеделното одложување на гласањето, синоќа Бабиш ги доби гласовите само на своето движење АНО, додека останатите присутни беа против.

НАЈЧИТАНИ