• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 108
МИА09:52 14 јануари 2018 ● Прочитано 1805

Русија го злоупотреби недостатокот од доверба на Американците кон основните факти за да се инволвира во демократските процеси на САД, оцени поранешниот американски претседател Барак Обама при гостување во шоуто на Дејвид Летерман.

- Ние живееме во целосно различни информациски универзуми. Ако гледате Фокс њуз живеете на друга планета, за разлика од слушателите на (националното радио) Ен-Пи-Ар, истакна Обама, коментирајќи ги поплаките на американскиот претседател Доналд Трамп за ширењето лажни вести и одговарајќи на прашањето дали мешање на странски актери во претседателските избори во 2016 е многу поголема закана за САД.

Осврнувајќи се на улогата на социјалните мрежи во изградбата на ставовите на луѓето, Обама изјави дека спротивно од нивната првична намена, кога социјалните мрежи служеа да го поврзат светот и кога беа искористени ефективно во неговата изборна кампања во 2007 година, променетите алгоритми на овие мрежи ги потврдија и опасно ги засилија предрасудите на корисниците, независно од нивната политичка определба.

- Токму тоа се случува на оние Фејсбук страници, каде се повеќе луѓе главно ги добиваат вестите. Во одреден момент се наоѓаш себеси затворен во меур и донекаде поради тоа политиката денес е толку поларизирана, оцени поранешниот американски претседател.

Учеството на Обама во Шоуто на Летерман, што сега се емитува на стриминг сервисот Нетфликс, беше негово прво телевизиско интервју откако ја напушти Белата куќа пред една година.

Во новото 60-минутното шоу на Летерман, наречено „Мојот следен гостин нема потреба од најава“ најавени е гостување на ексклузивни гости како актерот Џорџ Клуни, реперот Џеј Зи, комичарката Тина Феј и добитничката на Нобелова награда, Малала Јусафзаи. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Индија тестираше нуклеарна ракета

Соопштено е дека пробата е извршена во рамки на напорите на Индија да изгради нуклеарно оружје способно да се спротистави на соседните.

Во Полска протести поради законот за абортус

Во центарот на Варшава, доцна синоќа, кон просториите на партијата Право и правда фрлени се 11 балони наполнети со боја.

Турција подготвува воена операција, Сирија се заканува дека ќе возврати

Турскиот Совет за национална безбедност, доцна синоќа објави дека Турција ќе преземе „итни“ и „решителни“чекори за да се заштити од заканите.

Tри жртви во невремето во Европа

Сите летови од амстердамскиот аеродром Схопхол се откажани, во Британија повеќе илјади домови се без струја.

Во Белград погребан Оливер Ивановиќ

Српски медиуми јавија дека сопругата на Оливер, Милена Ивановиќ изјавила дека веќе никогаш нема да се врати на Косово.

НАЈЧИТАНИ