• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106
МИА10:01 14 јануари 2018 ● Прочитано 1770

Најактивниот вулкан на Филипините, Мајон утрово еруптираше, исфрлајќи пепел и чад, поради што илјадници локални жители во паника ги напуштија своите домови.

Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека ерупцијата на Мајон, кој се наоѓа во провинцијата Албај на околу 330 километри јужно од Манила, траела околу пет минути.

- Ерупцијата предизвика сивкасат чад и столб од пепел, кои не беа многу видливи бидејќи вулканскиот кратер е опкружен со облаци. Од кратерот се шири миризба на сулфур, а локалните жители можеа да го слушнат татнежот на вулканската активност, се додава во соопштението.

Институтот уште вчера го покачи нивото на опасност од ерупција на Мајон на втор степен.

Локалната полиција соопшти дека поради ерупцијата над 2.200 жители на местата Гинобатан, Камалиг и Анолинг ги напуштиле своите домови и се префрлени во прифатни центри.

Од 1616 година, па досега, се регистрирани околу 50 ерупции на вулканот Мајон, кој е висок 2.472 метри.

При ерупција на Мајон во 1814 година загинале над 1.200 лица, а во 1993 година - 79. Последната ерупција на вулканот беше во мај 2013 година, кога загинаа пет лица, а седум беа повредени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Индија тестираше нуклеарна ракета

Соопштено е дека пробата е извршена во рамки на напорите на Индија да изгради нуклеарно оружје способно да се спротистави на соседните.

Во Полска протести поради законот за абортус

Во центарот на Варшава, доцна синоќа, кон просториите на партијата Право и правда фрлени се 11 балони наполнети со боја.

Турција подготвува воена операција, Сирија се заканува дека ќе возврати

Турскиот Совет за национална безбедност, доцна синоќа објави дека Турција ќе преземе „итни“ и „решителни“чекори за да се заштити од заканите.

Tри жртви во невремето во Европа

Сите летови од амстердамскиот аеродром Схопхол се откажани, во Британија повеќе илјади домови се без струја.

Во Белград погребан Оливер Ивановиќ

Српски медиуми јавија дека сопругата на Оливер, Милена Ивановиќ изјавила дека веќе никогаш нема да се врати на Косово.

НАЈЧИТАНИ