• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106
МИА10:17 14 јануари 2018 ● Прочитано 1761

Турската армија упати дополнителни сили, вклучителчно и тенкови, во реонот долж границата на Турција со Сирија, како засилување на војниците кои веќе се распоредени на тоа подрачје.

Испраќањето на дополнителни војници и опрема на границата со Сирија уследи откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера се закани со уништување на силите на сириските Курди.

- Доколку терористите во Африн не се предадат, Турција ќе ги уништи за една недела, изјави Ердоган на собир во турскиот округ Елјазаг.

Набргу по заканата на Ердоган, турските сили извршиле артилериски напади врз позициите на Силите за заштита на народот на сириските Курди во реонот на Африн во северна Сирија.

Анкара ги смета Силите за заштита на народот за огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која се наоѓа на листите на терористички организации на Турција, ЕУ и САД.

Силите за заштита на народот се дел од антиџахдистичката колаиција во Сирија, која има поддршка на САД, но Турција одбива соработка со нив и изминативе месеци во неколку наврати се закануваше со воена операција против борците на сириските Курди. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Индија тестираше нуклеарна ракета

Соопштено е дека пробата е извршена во рамки на напорите на Индија да изгради нуклеарно оружје способно да се спротистави на соседните.

Во Полска протести поради законот за абортус

Во центарот на Варшава, доцна синоќа, кон просториите на партијата Право и правда фрлени се 11 балони наполнети со боја.

Турција подготвува воена операција, Сирија се заканува дека ќе возврати

Турскиот Совет за национална безбедност, доцна синоќа објави дека Турција ќе преземе „итни“ и „решителни“чекори за да се заштити од заканите.

Tри жртви во невремето во Европа

Сите летови од амстердамскиот аеродром Схопхол се откажани, во Британија повеќе илјади домови се без струја.

Во Белград погребан Оливер Ивановиќ

Српски медиуми јавија дека сопругата на Оливер, Милена Ивановиќ изјавила дека веќе никогаш нема да се врати на Косово.

НАЈЧИТАНИ