• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА10:42 14 јануари 2018 ● Прочитано 2647

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром попладнево од 15 часот и гостуваат на Цибона, во меч од 16. коло од АБА-лигата.

Хрватскиот тим на овој дуел влегува како голем фаворит додека македонските кошаркари со желба да прикажат добра игра и да пробаат да го изненадат поранешниот европски шампион.

Тренерот Жељко Лукајиќ и на овој меч нема да може да смета на повредениот Дарко Соколов.

- Пред нас е меч во кој бараме победа за подигање на атмосферата во тимот. И овој пат се соочуваме со проблеми со повредени кошаркари, со оглед што Соколов сѐ уште не е подготвен да ни помогне. Згора на тоа, ростерот и понатаму не ни е докомплетиран со оглед на празнината на плејмејкерската позиција по заминувањето на Павичевиќ. Од друга страна, против себе ќе ја имаме силната Цибона, која има голем број преискусни играчи со долгогодишно искуство во АБА-лигата. На нас е да го дадеме максимумот, да покажеме дека формата е во нагорна линија и да пробаме да го покажеме тоа во Загреб, вели Лукајиќ. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Хрватска ја совлада Норвешка и ги задржа шансите за пласман во полуфинале

На полувреме беше 17:15 за Хрватска, во 36. минута Норвешка дојде најблиску до 20:19, но потоа Хрватите дојдоа и до пет голови предност.

Французите ја совладаа Шведска

Актуелните светски шампиони Францусите вечерва во загрепска,, Арена" ја совлада Шведска со 23:17 полувреме 13:10.

Македонија го одработи последниот тренинг пред мечот со Шпанија

Вечерва следува уште видео анализата пред утрешниот дуел со Шпанија кој ќе се игра во вечерниот термин од 20 часот и 30 минути.

Дресен најбрз на спустот во Кицбил

Дресен (24) до својот прв триумф во кариерата во СК, стигна во време од 1 минута и 56,15 секунди.

Победа на Челзи против Брајтон и Хов Албион

Азар со својот втор гол во 77.минута зголеми на 3-0, а конечниот резултат 4-0 го постави Виктор Мозес во последните мигови од средбата (89).

НАЈЧИТАНИ