• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 108
Плусинфо14:55 14 јануари 2018 ● Прочитано 8187

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, во изјава за хрватскиот портал „24 сата“ имаше само пофални зборови за поранешниот селектор на Македонија, а сега селектор на хрватската репрезентација и тренер на Металург, Лино Червар.

„Горд сум и пресреќен што Лино Червар беше наш селектор и што со години беше дел од македонскиот ракомет. Тој направи големи работи за нашиот ракомет, поради што го обожаваме. Низ неговите раце во Металург минаа две генерации наши ракометари. Се што правеше во Скопје беше одлично и тоа никогаш нема да го заборавиме“, изјави Лазаров за хртавтскиот медиум.

Червар доби задача да ја води Македонија во квалификациите за ЕП, но ја напушти клупата за да ја преземе Хрватска со која сака да го освои последниот медал кој го нема во своите витрини, а тоа е златото од континенталниот шампионат. Оваа одлука беше дочекана со негодувања во Македонија, а во последните денови се појави негова изјава, односно реплика до легендата на македонскиот ракомет, Пепи Манасков, дека доколку не беше Червар Македонија сега ќе немаше репрезентација.

„Хрватска, предводена од Лино, сигурно ќе дојде до полуфиналето, а потоа мора да биде на ниво во тие два натпревари. Само немојте да им набивате преголем притисок. Најважно е првенството да го започнат добро и потоа тој воз на Лино тешко ќе биде запрен. Червар веќе десетина години е еден од најдобрите тренери на светот. Не се сомневам дека одлично го подготвил тимот“, рекол Лазаров. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Вујовиќ: Македонија ќе има најмалку две победи, дај Боже да освои медал

Селекцијата на Словенија првиот натпревар во Вараждин го игра утре во 20:30 часот против Данска.

Ракометарите ја заслужија првата премија од 30.000 евра

Пласманот во втората фаза на првенството значи и награда од 30.000 евра која ја вети РФМ, по одлуката на Управниот одбор ....

Македонските ракометари заминаа во Вараждин

Македонија е прва во новоформираната група со три пренесени бода од првата фаза.

Македонија напредуваше три места на ФИФА ранг листата

Македонија сега се наоѓа на 73.место со 446 бода, три места погоре од декемвриското рангирање кога беше на 76.позиција.

Раул: Ќе биде чудно против мојата Шпанија

Шпанскиот стручњак додаде дека Македонија може да стигне до полуфинале, иако, како што рече, ќе биде многу тешко против силните противници.

НАЈЧИТАНИ