• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо11:22 14 јануари 2018 ● Прочитано 4974

Американците не сакаат телевизиската водителка Опра Винфри да се кандидира за претседател, покажуваат податоците од новата анкета на институтот „Марист Пол”, јави АФП.

Анкетата, во која учествувале 1.350 лица и која била направена во периодот од понеделник до среда, покажува дека само 35 отсто од Американците сакаат Опра да се кандидира на изборите во 2020 година. 

Ако, сепак, Опра се кандидира, тогаш, според анкетата, 50 отсто од Американците се подготвени да гласаат за неа наспроти 39 отсто кои би гласале за Доналд Трамп, во случај тој да се бори против неа. Другите испитаници немаат став.

Анкетата, исто така, покажува дека 64 отсто од испитаниците имаат генерално позитивно мислење за телевизиската водителка.
Шпекулациите дека Опра Винфри може да се кандидира за претседател се интензивираа откако таа одржа инспиративен говор на церемонијата за наградите Златен глобус, во кој се заложи за жените злоупотребувани од мажи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Путин за Богојавление се капеше во ледена вода (ВИДЕО)

На температура од околу шест степени Целзиусови под нулата, Путин скокна по крстот што беше фрлен во водите на Селигер.

Хари и Меган го направија третиот обичај пред венчавката

Хари и Меган се ракуваа со цела низа добронамерници, кои мавтаа со знамиња и ги фотографираа со своите телефони.

Пеле заврши во болница

„Над Пеле се направени неколку тестови кои покажуваа сериозен замор“, соопштија од Асоцијацијата за состојбата на фдбалерот.

Брижит Бардо: Лицемерни и смешни се обвинувањата за сексуални напади

Таа истакна дека никогаш не била жртва на сексуално малтретирање, иако беше секс симбол во 50-тите и 60-тите години на минатиот век.

Тајните служби ја предупредија Иванка Трамп дека нејзината другарка е кинеска шпионка

Венди е поранешна сопруга на Руперт Мердок, сопственикот на „Њуз корп“, а со Иванка се спријателила пред повеќе од 12 години, кога станале сосетки.

НАЈЧИТАНИ