• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106
Плусинфо12:45 14 јануари 2018 ● Прочитано 3404

Полициската станица Неготино поднесе кривична пријава против пет лица поради постоење основи на сомнение дека извршиле продолжено кривично дело „злуопотреба на службената положба и овластување“, „намерно предизвикување стечај“, „оштетување или повластување на доверители“ и „фалсификување на службена исправа“ во фабриката за кабли Неготино.

Со кривичната пријава се опфатени Г.Х. (47), генерален директор на АД „ФКН“ (Фабрика за кабли Неготино), Ј.Ј. (37), претседател на Одборот на директори на АД „ФКН“, К.Ј. (41) и К.М. (41), членови на Одборот на директори на фабриката, сите од Република Бугарија, како и против Љ.К. (61) од Велес во својство член на одборот на директори на АД „ФКН“.

Како што соопшти денеска МВР, кривични пријави има и против Ј.С. (41) од Република Бугарија во својство на сопственик/управител на ФКН ДООЕЛ Неготино и С.С. од Република Бугарија во својство на сопственик/управител на „Мега Ел ООД“ Софија, мнозински акционер во АД „ФКН“, сопственик и основач на ФКН ДООЕЛ Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање во извршување на кривично дело“.

Во периодот од 2007 до 2010 година, Г.Х., Ј.Ј., К.Ј., К.М. и Љ.К. во својство на службени и одговорни лица, по претходен договор, во повеќе наврати со пречекорување на својата службена положба и овластување, постапиле спротивно од Законот за трговски друштва. Во 2007 година за задолжување на друштвото во една банка донеле одлука со која е дадена согласност целокупниот движен и недвижен имот на АД „ФКН“ да се заложи во корист на банката, при што вредноста на имотот која била „спогодбено“ одредена била многу помала од книговодствената. Потоа со Ј.С. и С.С. склучувале договори-зделки за пристапување кон долг, за кои знаеле дека претставуваат зделки со заинтересирана страна, а без одобрение од надлежен орган-Собрание на акционери на АД „ФКН“ Неготино.

Тие склучувале договори и за непостоечки побарувања-цесии со поврзаното друштво „ФКН“ ДООЕЛ и преку договор за деловна техничка соработка ги отстапиле сите договори, лиценци и сертификати за производство. Покрај ова, го издавале и имотот под закуп на финансиски поврзаното друштво „ФКН“ ДООЕЛ, а со цел за прикривање на вистинската намера за пренос на целокупниот движен и недвижен имот на поврзаното лице „ФКН“ ДООЕЛ.

Првите пет пријавени, спротивно од Законот за стечај, во услови кога друштвото е несолвентно и сметката е блокирана повеќе од 45 дена, со банката склучувале договори за пристапување кон долг, како и кон фиктивни договори за цесии во кои внесувале невистинити податоци, го пренасочувале целокупното работење на АД „ФКН“ преку сметката на поврзаното лице „ФКН“ ДООЕЛ, при што била извршена привидна продажба на имотот сопственост на АД „ФКН“ Неготино.

На овој начин АД „ФКН“ Неготино станало трајно неспособно да ги извршува обврските кон другите доверители и со тоа извршиле оштетување на останатите доверители, акционери и на Република Македонија за износ од 847.217.663 денари 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Јавен повик за самохрани родители

Граѓаните кои спаѓаат во категоријата- самохран родител и живеат на територија на општина Куманово да се јават во просториите на Општината...

Столтенберг: Заев е мојот херој

Столтенберг, потчукнувајќи го по рамото рече дека тие се пријатели и го нарече премиерот Заев „мој херој“.

Генералниот секретар на НАТО се довезе кај Заев со мерцедесот од 600 илјади евра

На 19 декември Владата соопшти дека „мерцедесот“ од МВР преминал во сопственост на Службата за општи и заеднички работи

Сообраќајот на патот Гостивар-Кичево по една коловозна лента поради сообраќајка

Како што информира АМСМ, причина е сообраќајна несреќа во близина на Трапчин Дол

Ексклузивно: Разговор со италијанскиот сопственик на депонијата Дрисла ВИДЕО

Пародичните вести гледајте ги од 22 часот, веднаш по ракометниот натпревар Македонија-Шпанија на „Телма“

НАЈЧИТАНИ