• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 107
МИА14:08 14 јануари 2018 ● Прочитано 1791

Околу 130.000 лица се движат од сириската провинција Идлиб кон турската граница, бегајќи од засилените артилериски напади на владините сили врз бунтовниците во тој дел на Сирија, соопшти Црвената полумесечина на Турција.

- Во моментов околу 130.000 лица се движат од реонот на Идлиб кон границата со Турција. Тоа воглавно е население од руралните области, што се занимава со земјоделство и сточарство. Артилериските напади пртедизвикаа жртви и тие луѓе се упатија кон турската граници барајќи заштита за своите животи, изјави претседателот на Црвената полумесечина на Турција, Керем Киник.

Според него, доколку нападоите на сириските владини сили продолжат, можно е бројот на бегалци што ќе се упатат кон Турција да се зголеми на над 500.000.

Керем информира дека бегалците се згрижуваат во кампови во реонот на Рејханли-Џилвеѓози на 10 до 20 километри од турско-сириската граница.

Според него, шаторите во овие кампови биле однапред подготвени, но се покажало оти тие не се доволни за сместување на сите пристигнати бегалци.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим пред два дена ги повика Русија и Иран да извршат притисок врз сириските власти да запрат со нападите врз бутовниците.

Според Бинали, продолжувањето на нападите претставува закана за почеток на нов мигрантски бран.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Индија тестираше нуклеарна ракета

Соопштено е дека пробата е извршена во рамки на напорите на Индија да изгради нуклеарно оружје способно да се спротистави на соседните.

Во Полска протести поради законот за абортус

Во центарот на Варшава, доцна синоќа, кон просториите на партијата Право и правда фрлени се 11 балони наполнети со боја.

Турција подготвува воена операција, Сирија се заканува дека ќе возврати

Турскиот Совет за национална безбедност, доцна синоќа објави дека Турција ќе преземе „итни“ и „решителни“чекори за да се заштити од заканите.

Tри жртви во невремето во Европа

Сите летови од амстердамскиот аеродром Схопхол се откажани, во Британија повеќе илјади домови се без струја.

Во Белград погребан Оливер Ивановиќ

Српски медиуми јавија дека сопругата на Оливер, Милена Ивановиќ изјавила дека веќе никогаш нема да се врати на Косово.

НАЈЧИТАНИ