• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 74
Плусинфо13:12 07 февруари 2018 ● Прочитано 8167

Компанијата Спејсикс (SPACEX) вчера создаде историја со успешното лансирање на автомобилот Tesla Roadster закачен на ракетата Falcon Heavy од вселенскиот центар на Флорида, а неверојатните снимки го прикажуваат спортскиот автомобил како плови во вселената, пишува Дарен Хант за Експрес.


Компанијата SpaceX ја лансираше вчера ракетата Falcon Heavy во вселената од вселенскиот центар Кенеди во Флорида.

Милијардерот Елон Муск, основачот на SpaceX успешно ја оствари својата замисла за лет на едно од електричните возила во товарниот дел на ракетата.

Во воодушевувачките снимки, може да се види како спортскиот автомобил во вишново-црвена боја се движи покрај Земјата додека се забрзува на патот кон Марс.

Ракетата Falcon Heavy полета од вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал на Флорида, кратко по 20.45 по средноевропско време, додека илјадници наблудувачи го поздравуваа одбројувањето на лансирањето.

Претходно во декември минатата година, технолошкиот претприемач од Јужна Африка, г-дин Маск рече: „Тест-летовите на новите ракети обично се прават со голем број на симулации во со бетонски или челични блокови. Тоа изгледаше крајно здодевно.

„Се разбира, сѐ што е здодевно е страшно, особено компаниите, па решивме да испратиме нешто необично, нешто што нѐ натера да почувствуваме нешто“.

Пред лансирањето од Спејсикс изјавија: „Кога ракетата Falcon Heavy ќе се издигне, тоа ќе биде најмоќната оперативна ракета во светот со два фактора.

„Ракетата може да подигне во орбита речиси 64 метрички тони (141.000 фунти) - маса поголема од авионот Боинг 737 авион полн со патници, членови на екипажот, багаж и гориво - Falcon Heavy може да однесе во орбита повеќе од двапати од товарот на најсличното оперативно возило , Delta IV Heavy, за една третина од цената на операцијата.


„Falcon Heavy се базира на докажаната сигурност на претходната ракета Фалкон 9“.

По лансирањето, милијардерот објави на Твитер видео снимка на автомобилот, кој има комична порака „не паничи“ прикачена на контролната табла.

Хит песната на Дејвид Боуви „Space Oddity“ постојано ќе свири во возилото Тесла додека тоа ита кон Црвената планета.

Подоцна Елон Маск додаде: „Третиот степен на операцијата успешен. Ја надмина орбитата за Марс и продолжи да оди кон астероидниот појас“.

 

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Во пресрет на изборите во Унгарија: Орбан се расфрла со националистички пароли

Последниве недели во своите говори тој сè пожестоко ги повторува тезите кои многумина ги оценуваат како изразито националистички и расистички.

Њујорк тајмс во Косово: Десет мрачни години од прогласувањето на независност

- Ќе се разбудиш едно утро, ќе се погледнеш во огледало и ќе сфатиш дека плимата на историјата те прегазила - Ричард Холбрук му рече на Ивановиќ.

Тешки зборови во Минхен

На Минхенската конференција за безбедност според учесниците можеше да се види: времињата се несигурни како што одамна не биле.

Типичниот член на Конгресот на САД е 12 пати побогат од типичното американско домаќинство

Во 2015 година просекот на богатството во американскиот Конгрес бил најмалку 1,1 милион долари.

„Тој Шулц“ заминува

Мартин Шулц по една година се повлекува од лидер на СПД, оставајќи ја неговата партија во хаос.

НАЈЧИТАНИ