• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо14:49 12 февруари 2018 ● Прочитано 5754

Во Општина Карпош започнуваат бесплатни прегледи за рано откривање на деформитети на ‘рбетниот столб кај учениците од шесто до деветто одделение. Станува збор за проект во соработка со ЈЗУ Институт за физикална медицина и рехабилитација.

Денеска, во основното училиште „Лазо Трповски” се реализираа првите прегледи, при што беа опфатени 60 ученици од оваа образовна установа.

Учениците кај кои ќе бидат утврдени деформитети, ќе имаат шанса за бесплатни часови по пливање во базенот на Институтот за физикална медицина и рехабилитација.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, посочи дека квалитетната и сеопфатна детска заштита е приоритет на локалната самоуправа.

Во период кога најмладите постојано се пред својот компјутер, мобилен или телевизор овие прегледи ќе овозможат превенција на учениците, но и третирање на евентуалните деформитети преку часови по пливање под надзор на стручни лица, рече Богоев.
Претставникот од ЈЗУ Институтот за физикална медицина и рехабилитација д-р ја Манолева говореше подетално за овој проект и начинот на негова реализација. Поточно, како што нагласи д-р Манолева, прегледите ќе се спроведуваат под надзор на доктор – физијатар, а пограмата за вежби во базен опфаќа три пати во неделата (по еден час) пливање.

Општината и во претстојниот период ќе продолжи да работи на зголемена детска заштита и овозможување на подобри услови за престој и учење во градинките и во училиштата.

Инаку, во Карпош веќе се спроведуваат бесплатни очни прегледи за сите ученици, во соработка со Lions District 132 Македонија.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

На околу 50.000 квадрати депонии ќе никне трева

Површината за уредување е на 14 локации, за кои Градот Скопје ќе вложи околу 38,1 милиони денари.

Повеќе градби на периферија, наместо во „јадрото“ на Карпош

Планската урбанизација подразбира „ослободување“ на урбаното јадро од нови градби и нивно пренесување во делови како Бардовци и Злокуќани.

Ќе се испитува потребата од жичница од Козле до Средно Водно

Град Скопје и две министерства треба да донесат соодветна одлука за целисходноста на овој проект.

Зграда ќе „проголта“ уште еден парк во Карпош

поред ДУП Градска четврт 3 08 е планирано да се изгради станбен објект, со што ќе се уништи зеленилото и ќе се исечат петнаесетина дрва.

Проект на Карпош - Патоказ кон идната професија

Средношколците во летниот период ќе имаат пракса, која натаму ќе им помогне да направат полесен избор при продолжување со високото образование.

НАЈЧИТАНИ