• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 74
Плусинфо14:59 12 февруари 2018 ● Прочитано 6843

Синџирот ресторани во сопственост на еден од најпознатите готвачи во светот, Џејми Оливер, во моментов е во долгови од дури 71,5 милиони фунти.

Британските медиуми пишуваат дека Џејми на персоналот му должел 2,2 милиони фунти, а лани работел со загуба од 10 милиони. На кредитори, сопственици на простор и снабдувачи, Џејми должел 41,3 милиони фунти.

Минатата седмица славниот готвач објави дека затвора 12 ресторани низ Британија, заради „реконструкција“ на компанијата „Џејмис италијан“. Тој вкупно поседува 25 ресторани во Британија и 28 во Америка и во Австралија.

Богатсвото на Џејми Оливер се проценува на 150 милиони фунти, а неодамна вложил 3 милиони сопствени пари за бизнисот.

Финансиските експерти предвидувале ваков крах - неинвестирање, неатрактивни локации и високите трошоци им пресудиле на рестораните на Џејми.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Тони Брекстон: Се свршив!

Брекстон (50) и Бирдмен (49) за првпат заедно во јавност се појавија во 2016 година на наградите БЕТ.

Џеј Зи дал 11.000 долари бакшиш за сметка од 100.000 долари

Повеќето обожаватели на социјалните мрежи се воодушевуваат на бакшишот што го оставил раперот, додека други коментирале дека напојницата е премала.

„Бонд 25“ ќе го режира човекот што ги стокми ЛОИ во Лондон?

Извори за „Варајати“ ја потврдиле оваа информација, но се напоменува дека сè уште нема официјална потврда за ангажман на Бојл.

Кралицата Елизабета до Ана Винтур на модна ревија во Лондон

По завршувањето на ревијата серија критики беа упатени кон Винтур за тоа што ги задржала очилата за сонце додека комуницирала со Кралицата.

Мадона уште еднаш на операција за подмладување (ВИДЕО)

Виљушките со кои козметичарката ѝ го разубавуваше лицето на пејачката, изгледаа прилично остро и опасно.

НАЈЧИТАНИ