• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 74
Плусинфо15:09 12 февруари 2018 ● Прочитано 6156

Проблематичниот син на Мајкл Даглас, Камерон Даглас, наголемо ги пофали својот татко и маќеата Кетрин Зита-Џонс дека биле со него и во најтешкиот период од животот и раскажа како сега сака да направи сè што може неговото семејство да се гордее со него. Ова е првпат откако излезе од затвор, Камерон јавно да проговори за тешките моменти. Отслужуваше казна за злоупотреба на дрога.

Камерон пред година и пол излезе од затвор, откако поради дрога помина седум години зад решетки. Долго време во јавноста го викаа „црна овца“ од семејството Даглас. Тој во интервју посочи дека неговото семејство во ниеден момент не се одрекло од него.

Лоши одлуки

Триесет и деветгодишниот Камерон, кој е единствено дете на Мајкл и на неговата поранешна сопруга Диандре, престанал да оди на училиште на свои 17 години и станал диџеј, но веќе тогаш бил зависник.

Признал дека донел лоши одлуки во животот. Една од таквите одлуки е и тоа што бил фатен со наркотици што му ги шверцувал неговиот поранешен адвокат. Имено, наркотикот ксанакс им го продавал на другите затвореници, па бил осуден на дополнителни четири и пол години затвор.

Две години поминал во самица. Не му била дозволена никаква посета, ниту семејството, ниту пријателите, нешто што неговиот татко Мајкл Даглас го критикуваше во текот на говорот на доделувањето на наградите Еми во 2013 година.

Кошмар, пресврт

Камерон Даглас првично бил осуден на пет години затвор поради поседување хероин и метамфетамин.

- Живеев седум години во кошмар, но љубовта кон моето семејство никогаш не беше доведена во прашање - вели Камерон, кој неодамна доби ќерка со својата девојка Вивиен Тајбс.

Говорејќи за својата маќеа, холивудската актерка Кетрин Зита-Џонс, тој имал само пофални зборови и изјавил:

- Никогаш не се откажува од ништо, па не се откажа ниту од мене. Нивната љубов ме водеше низ најтешките денови. Ги донесе и полубратот и полусестрата Дилан и Керис да ме видат, затоа што не сакаше да прикрива работи.

Во затворот на посета кај Камерон бил и неговиот дедо Кирк Даглас, кој во декември го прослави својот 101-ви роденден. При посетата го прашал дали победува во затворските тепачки и му рекол дека никогаш не треба да се откажува од борба.

Новопечениот татко признава дека преживеал некои неверојатно мрачни моменти, но времето поминато зад решетки го гледа како можност за вистински пресврт во својот живот.

- Сега сакам да бидам најдобар татко, човек и актер. Конечно имам зацртано приоритет. Сакам моето семејство да се гордее со мене - додал Камерон.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Тони Брекстон: Се свршив!

Брекстон (50) и Бирдмен (49) за првпат заедно во јавност се појавија во 2016 година на наградите БЕТ.

Џеј Зи дал 11.000 долари бакшиш за сметка од 100.000 долари

Повеќето обожаватели на социјалните мрежи се воодушевуваат на бакшишот што го оставил раперот, додека други коментирале дека напојницата е премала.

„Бонд 25“ ќе го режира човекот што ги стокми ЛОИ во Лондон?

Извори за „Варајати“ ја потврдиле оваа информација, но се напоменува дека сè уште нема официјална потврда за ангажман на Бојл.

Кралицата Елизабета до Ана Винтур на модна ревија во Лондон

По завршувањето на ревијата серија критики беа упатени кон Винтур за тоа што ги задржала очилата за сонце додека комуницирала со Кралицата.

Мадона уште еднаш на операција за подмладување (ВИДЕО)

Виљушките со кои козметичарката ѝ го разубавуваше лицето на пејачката, изгледаа прилично остро и опасно.

НАЈЧИТАНИ