• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 74
МИА17:15 12 февруари 2018 ● Прочитано 5151

Вселенската сонда на НАСА, „Њу Хорајзонс“ ја фотографираше планетата Земја од далечина од над шест милијарди километри, со што го урна 27 години стариот рекорд на леталото „Воајер 1“ од оддалеченост од 6,06 милијарди километри.

„Њу Хорајзонс“, всушност, според НАСА, двапати го урнал рекордот лани. Тоа се случило на 5 декември, кога вселенското летало било на 6,12 милијарди километри од Земјата, двапати во два часа. „Њу Хорајзонс“ дневно минува околу 1,1 милион километри.

Во меѓувреме, мисијата продолжува. На 1 јануари 2019 година сондата ќе биде во орбитата на најблиската за нас џуџеста планета 2014 МУ-69, која е на 1,6 милијарди километри растојание од Плутон.

Освен вселенските тела, „Њу Хорајзонс“ го истражува и составот на Вселената, односно на правот и гасовите што се на неговата рута. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Американка ги тужи Твитер, Фејсбук и Гугл за нападите во Париз во 2015 година

Во тужбата се наведува дека таа била во кафуле во Париз каде беа убиени повеќе од 12 лица и оти е емотивно повредена.

Делови од ѕидот на Варшавското гето ќе станат споменик

Нацистите во 1943 година го уништиле гетото и поголем дел од ѕидот.

Уметничката колекција на Рокфелер оди на аукција

Колекцијата од утре до 8 март ќе може да се види во Лондон, а потоа ќе биде ставена на продажба во Њујорк од 7 до 11 мај.

Американец украл палец на глинен војник, Кина бара остра казна

Според судските документи, Роан на изложбата прво направил селфи со статуите, а потоа скршил палец од едната од нив и си заминал.

Јапонец доби старателство над 13 бебиња од девет сурогат мајки

Адвокатот на момчето вели дека тој самиот израснал во големо семејство, а поради лични и професионални причини, сака децата да растат во Јапонија.

НАЈЧИТАНИ