• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
МИА20:26 12 февруари 2018 ● Прочитано 2886

Најдобриот српски тенисер и поранешен прв рекет во светот Новак Ѓоковиќ падна за една позиција на АТП листата и иако има ист број на бодови (2.470) сега е на 14. место.

По пласманот во полуфиналето на турнирот во Софија, Швајцарецот Стан Вавринка со 2.475 поени го помина Ѓоковиќ и се наоѓа на 13. позиција.

На врвот и натаму е Рафаел Надал со 9.760 бодови или само 155 повеќе од второпласираниот Рожер Федерер (9.605), додека трет е Хрватот Марин Чилиќ со 4.960 бодови.

Во првата десетка единствената измена ја направи Русинот Александар Зверев, кој се искачи на четвртата позиција, и го истисна Бугаринот Григор Димитров на петто место.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Тренерот на Влазнија избоден со нож во Скадар

Џока веднаш е пренесен во болница, а полицијата отвори истрага за случајот.

„Камп ноу“ заминува во историјата, Барселона го продава името на стадионот

Барселона првпат на „Камп ноу“ заигра во 1957 година, а стадионот со новото проширување од 99.354 места ќе има 105.000.

Белорусија со злато во штафетата 4 х 6 во бијатлон кај жените

Второто место го освои екипата на Шведска, а трета е екипата на Франција.

Ристевски не успеа да ја заврши трката во слалом

Претходно, Ристевски не ја заврши трката во велеслалом.

Прво злато за Унгарија во Пјонгчанг со олимписки рекорд

Лиу Шаоан, Лиу Шандор Шаолин, Виктор Кнох и Џабара Бурјан ја донесоа првата зимска олимписка титула и прв медал од 1980 година.

НАЈЧИТАНИ