• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 74
МИА21:14 12 февруари 2018 ● Прочитано 4207

Продуцентите на филмот „Peter Rabbit“ се извинија за контроверзната сцена, во која ликот алергичен на боровинки, е опсипан со истите плодови.

Имено, од продуцентската куќа Сони Пикчрс изјавуваат дека алергиите од храна се сериозен проблем, со кој не треба да се шегуваме, дури ни во детски манир, карактеристичен за цртаните филмови.

Сцената предизвика многу негативни реакции на социјалните мрежи, по објава на американското здружение Деца со алергии на храна на нивната Фејсбук страница.

- Искрено жалиме оти не бевме посвесни и почувствителни околу тој проблем. Навистина се извинуваме - се наведува во соопштението на Сони.

Премиерата на анимираниот филм беше прикажана викендов.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Американка ги тужи Твитер, Фејсбук и Гугл за нападите во Париз во 2015 година

Во тужбата се наведува дека таа била во кафуле во Париз каде беа убиени повеќе од 12 лица и оти е емотивно повредена.

Делови од ѕидот на Варшавското гето ќе станат споменик

Нацистите во 1943 година го уништиле гетото и поголем дел од ѕидот.

Уметничката колекција на Рокфелер оди на аукција

Колекцијата од утре до 8 март ќе може да се види во Лондон, а потоа ќе биде ставена на продажба во Њујорк од 7 до 11 мај.

Американец украл палец на глинен војник, Кина бара остра казна

Според судските документи, Роан на изложбата прво направил селфи со статуите, а потоа скршил палец од едната од нив и си заминал.

Јапонец доби старателство над 13 бебиња од девет сурогат мајки

Адвокатот на момчето вели дека тој самиот израснал во големо семејство, а поради лични и професионални причини, сака децата да растат во Јапонија.

НАЈЧИТАНИ