• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
Плусинфо22:27 12 февруари 2018 ● Прочитано 3208

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) преку Бирото за јавни набавки бара преведувач од македонски на англиски и обратно за кого предвидува плата од 1.200.000 денари годишно, односно, 100.000 денари месечно. Според тендерската документација, преведувачот ќе биде должен за еден ден да преведе 10 страници, односно 1.800 јазични знаци.

Договорот што ќе го склучи СЈО ќе биде на една година. Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција за квалитетно извршување на договорот во висина од 10 отсто од вредноста на договорот. Во техничката спецификација нема дополнителни критериуми што физичкото или правното лице треба да ги исполни.

Тендерот е отворен до крајот на февруари кога СЈО ќе избира најповолна понуда. Критериумот за потпишување на договорот е најниска цена, која ќе биде прифатлива за обвинителството. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

За Лавров ширењето на НАТО кон Македонија е конфронтација

Сергеј Лавров на Ивица Дачиќ на свечена церемонија му го врачи Орденот за пријателство, со кој беше одликуван од рускиот претседател Владимир Путин.

Еден загинат, еден повреден во сообраќајка на обиколницата

Возачот на возилото „југо“ починал на самото место, а В.Ѓ. е пренесен во Клиничкиот центар Мајка Тереза.

Мицкоски жали за Ќосето

Според него, ова сценарио е за дефокусирање од вистинските теми.

Ѓорчев се повлече од координатор на ВМРО-ДПМНЕ, на негово место Драган Данев

За негови заменици се поставени пратениците Горан Манојловски и Драган Цуклев, соопшти Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Актерот Владо Јовановски доби куќен притвор

Мерката притвор за Јовановски е заменета со куќен притвор, а судот ќе му го одземе и пасошот.

НАЈЧИТАНИ