• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
МИА08:42 13 февруари 2018 ● Прочитано 2728

Италијанскиот фудбалски клуб Милан и германскиот спортски гигант „Адидас“ по 20 години соработка се согласија на предвремено раскинување на 10-годишниот договор кој го потпишаа во 2013 година.

Од следната сезона „росонерите“ ќе ги облекува вториот по големина германски спортски бренд „Пума“.

Клубот и германскиот производител на спортска опрема денеска ја официјализираа соработката, но освен што беше наведено дека станува збор за долгогодишен договор кој ќе се применува од први јули годинава, двете страни не соопштија други детали.

Иако изминативе две децении „Адидас“ беше синоним за фудбалскиот гигант од Милано, како една од можните причини за крај на соработката се наведува и намалената продажба на дресови во последните три години.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Тренерот на Влазнија избоден со нож во Скадар

Џока веднаш е пренесен во болница, а полицијата отвори истрага за случајот.

„Камп ноу“ заминува во историјата, Барселона го продава името на стадионот

Барселона првпат на „Камп ноу“ заигра во 1957 година, а стадионот со новото проширување од 99.354 места ќе има 105.000.

Белорусија со злато во штафетата 4 х 6 во бијатлон кај жените

Второто место го освои екипата на Шведска, а трета е екипата на Франција.

Ристевски не успеа да ја заврши трката во слалом

Претходно, Ристевски не ја заврши трката во велеслалом.

Прво злато за Унгарија во Пјонгчанг со олимписки рекорд

Лиу Шаоан, Лиу Шандор Шаолин, Виктор Кнох и Џабара Бурјан ја донесоа првата зимска олимписка титула и прв медал од 1980 година.

НАЈЧИТАНИ