• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА10:39 13 февруари 2018 ● Прочитано 1759

Топката во овој момент е на теренот на нашите соседи, кои ќе треба и во пракса да покажат дека е промената реториката на владата што може да одведе до опипливи резултати во односите на двете земји, вели портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, говорејќи за радиото Алфа 989.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, во врска со различните позиции на Скопје и Атина, во однос на промената на македонскиот Устав, нешто што грчкиот премиер Алексис Ципрас го спомена како предуслов, а македонскиот премиер Зоран Заев отфрли можност за измени, Димитрис Ѕанакопулос рече дека тоа е предмет на преговорите и уште еднаш ги повтори грчките позиции.

- Многу добро знаете дека едно заемно прифатливо решение, токму за да биде заемно, потребни се двајца. Потребни се и двете страни. Во оваа смисла ние многу јасно ги имаме кажано нашите позиции. Говориме за сложено име, кое ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба. Тоа значи дека не може да биде поинаку од промена на уставното име на соседот и ова, сметаме дека е рамката во која би можело да се најде токму ова заемно прифатливо решение. – рече Ѕанакопулос.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Според Раша тудеј, Меркел денеска се сретнала со Иванов (ВИДЕО)

И покрај тоа што поминаа неколку часа од завршувањето на прес конференцијата, во насловот сѐ уште стои дека Меркел се сретнала со Иванов.

Индекс за перцепција на корупција: Македонија најлошо рангирана од Западен Балкан

Најдобро рангирана земја во светот е Нов Зеланд, следена од Данска и Финска, а перцепцијата за корупција е најголема во Сомалија.

Заев за Дојче Веле: 2018. може да биде историска година за Македонија

Членството во НАТО и датумот за преговори со ЕУ ќе значат живот за Македонија, рече премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле.

СЛОБОДЕН УДАР Кул е друг да одговора

Министерката, за тоа што го прикривала, вчера одговараше на суд, кривично. Тоа што министерот не прикрива не е доволно за да не одговара правично.

Штајнмаер: Решение на спорот со Грција ќе даде позитивен импулс за целиот регион

Германските компании што основаа свои фабрики во Република Македонија, отворија речиси 20 илјади работни места.

НАЈЧИТАНИ