• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо10:51 13 февруари 2018 ● Прочитано 5618

Оваа недела, во Општина Карпош се спроведува голема еколошка акција за чистење на зеленилото и на јавните површини меѓу зградите, т.н блоковско зеленило. Комуналните служби на Општината, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ во наредните денови интензивно ќе бидат присутни на терен со цел што поефикасно да се отстрани отпадот низ населбите на локалната самоуправа.

Денеска, на вториот ден од оваа целонеделна еко – акција во Карпош, присуствуваа градоначалникот на Општината Стефан Богоев, претседателката на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева и директорот на ЈП „Паркови и зеленило Ардијан Муча.

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев посочи дека оваа акција е само вовед, односно најава за почеток на т.н. „зелената офанзива“ која ќе се случи веќе на пролет.

- Целта е темелно да го исчистиме Карпош и да се подготвиме за вистинско разеленување на Општината на пролет. Тоа значи оплеменување на неуредените зелени површини меѓу зградите, засадување нови садници и цвеќиња, како и поставување на урбана опрема која ќе овозможи поголема атрактивност и удобност за сите граѓани. За таа цел и комуналните служби на Општина Карпош работат со уште поголем интензитет за тековно одржување на хигиената и чистотата во Општината - рече Богоев.

На денешната еко акција во Карпош 4, ретседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева рече дека Град Скопје со своите комунални служби посветено работи на зголемување на јавното зеленило.

- Освен тоа, земајќи предвид дека една од причините за загадување на воздухот е отпадот низ парковите и улиците, нашата цел е чистењето на градот да се практикува во континуитет, што би резултирало со тоа парковите и улиците во градот Скопје да бидат постојано чисти - нагласи Јанчева.

Акцијата во Карпош е продолжение на големата акција за чистење на Градот и враќање на изгубеното зеленило, а на подрачјето на оваа локална самоуправа ќе трае до крајот на неделата.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

На околу 50.000 квадрати депонии ќе никне трева

Површината за уредување е на 14 локации, за кои Градот Скопје ќе вложи околу 38,1 милиони денари.

Повеќе градби на периферија, наместо во „јадрото“ на Карпош

Планската урбанизација подразбира „ослободување“ на урбаното јадро од нови градби и нивно пренесување во делови како Бардовци и Злокуќани.

Ќе се испитува потребата од жичница од Козле до Средно Водно

Град Скопје и две министерства треба да донесат соодветна одлука за целисходноста на овој проект.

Зграда ќе „проголта“ уште еден парк во Карпош

поред ДУП Градска четврт 3 08 е планирано да се изгради станбен објект, со што ќе се уништи зеленилото и ќе се исечат петнаесетина дрва.

Проект на Карпош - Патоказ кон идната професија

Средношколците во летниот период ќе имаат пракса, која натаму ќе им помогне да направат полесен избор при продолжување со високото образование.

НАЈЧИТАНИ