• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо11:00 13 февруари 2018 ● Прочитано 5217

Издавачката куќа „Бата прес“ го објави „Камениот мост“ од рускиот писател Александар Терехов - историски роман - документарно сведоштво за СССР во времето на Сталин. Делото од руски на македонски јазик го преведе д-р Максим Каранфиловски.

Авторот на романот се заинтересирал за едноставноста и нелогичноста на трагичната приказна за Володја Шахурин и Нина Уманскаја „московските Ромео и Јулија“ од 1943. Тој почнува да истражува и да копа по стари документи и лични сведоштва... И доаѓа до вистината за еден настан и за животот и настаните во СССР во Втората светска војна и потоа.

- „Камениот мост“ е детална историска реконструкција на сталинистичката ера, од перспективата на една седумгодишна истрага за случајот што Сталин го нарекол „волчиња“, соопшти издавачот.

Александар Михаилович Терехов (1966) дипломирал новинарство на Московскиот државен универзитет. Работел како репортер за културната рубрика и уредник од весниците „Огонек“ и „Столица“, а од 1999 година е генерален директор на издавачка куќа „Јас читам“. Напишал повеќе книги, а за „Камениот мост“ го добил второто место за наградата Руски букер (Најдобра книга). Преведен е на англиски, италијански, унгарски и на други јазици.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Марко Мицов во главна улога во „Рубини“ на Баланшин во Балетот во Сан Антонио

Изведбата била на 16 февруари на 51-вата годишнина од делото кое се смета за култно во балетската уметност.

БЕРЛИНАЛЕ Главната програма – вистинско фијаско

Од филм во филм, наместо да станува подобра, селекцијата на филмови се покажува погубна.

Инкубатор – проект на Интерарт културен центар

Со поддршка од Швајцарската амбасада ќе им се овозможи на 22 млади луѓе под менторство на реномирани уметници да направат мултимедијален перформанс

Фред Фрит ќе настапи во Скопје

Фрит ќе настапи во Скопје во рамки на својата европска турнеја, а концертот е во организација на Скопскиот џез фестивал.

Ќе се бришат од регистарот сите незаконски запишани споменици и објекти од „Скопје 2014“

Владата денеска на седница ја усвои Националната стратегија за развој на културата 2018-2022 и Акцискиот план.

НАЈЧИТАНИ