• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо11:01 13 февруари 2018 ● Прочитано 2109

Агенцијата „Блумберг“ во своето последно истражување пресмета колку дена може да работи одредена влада ако најбогат човек во земјата може да плаќа за неа?

Индексот „Robin Hood“, се однесува на 49 земји со различни политички режими и видови трошоци, како и најбогатите лица во секоја од овие земји, чие вкупно богатство изнесува 911 милијарди долари, или 1 отсто од глобалниот БДП за годинава.

Пресметките се направени според дневните трошоци на владите во 2017 година.Проценките се базираат на индексот на „Bloomberg“ за милијардери и податоците од Меѓународниот монетарен фонд.

Индексот покажува дека најдолго ќе може да функционира владата во Кипар вкупно 441 ден. Од богатството на најбогатиот човек во оваа земја Џон Фредриксен, кое вреди 10 милијарди долари секој ден би требало да се издвојуваат по 23,6 милиони долари на ден.

Грузија е втората земја која би можела да издржи 430 дена со богатството на Биџина Иванишвили кое изнесува 5,6 милијарди долари.


Најскапи за управување се владите на Јапонија, Полска, САД, како и Кина, каде Џек Ма – 16-тиот по богатство човек во светот со своите 47,8 милијарди долари, може да ја спаси земјата само за 4 дена.

Џеф Безос со своите 99 милијарди долари би можел да ги поддржи државните дневни трошоци на САД само 5 дена.
Хју Гросвенер во Велика Британија и Дитер Шварц во Германија се во слична состојба .

Се разбира, проценката на владините трошоци за сите земји и што ќе сторат со бесплатни пари е тешко затоа што мора да се земат предвид многу размислувања. Некои од нив можеби немаат ни значителни трошоци – бирократијата – или во зависност од малку или многу одредени политики, што значи дека тие можат да трошат повеќе на транспорт и помалку за одбрана, на пример, и така натаму.

Сепак, она што индексот го покажува е дека повеќето западни земји нема да можат да го држат фронтот премногу долго, дури и со помош на нивните најбогати граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Домашните фирми што ќе произведуваат делови за странските ќе добијат пари од Владата

Веќе има многу примери на домашни компании, кои успешно соработуваат со странските инвеститори.

Такса од 10 денари лете и 5 денари зиме ќе плаќаат угостителите во Охрид

Угостителите и Општина Охрид постигнаа договор околу комуналната такса и урбаната опрема.

ГСОЛ останува на ветеното од вчерашниот договор, Нова Логистик го отфрли предлогот

ГСОЛ останува на сето она што беше договорено и ветено вчера, со цел да се помогне на транспортерите.

Рудници - да или не, на потег е Владата

Употребата на сулфурни киселини во рудниците количински може да се спореди со таа во оцетот, виното или во сапуните за дезинфекција.

Се потрошија парите за субвенционирање печки на пелети

Заклучно со денеска, искористени се предвидените 14 милиони денари наменети за субвенционирање на дел од трошоците за купување печки на пелети.

НАЈЧИТАНИ