• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 74
Рада И. Маневска12:35 13 февруари 2018 ● Прочитано 2232

На месец и половина од воведувањето на новата процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход и поднесувањето на електронска пресметка на приходи и данок, граѓаните и сметководителите се жалат дека имаат проблеми во пристапот до новиот систем на Управата за јавни приходи (УЈП) и со телефонските контакти со стручните лица. Од УЈП пак, велат дека нема регистрирано проблеми со пристапување до новиот системот, со исклучок на моментни инциденти состојби или проблеми од технички карактер кај поединечни корисници.

- Се обидувам веќе неколку дена да влезам во новиот системот на УЈП за да се регистрирам како даночен обврзник за персонален данок на доход, но без успех. Неколку пати во траење од неколку минути ѕвонам на посочените телефони за информации, но не можам да воспоставам контакт. Зарем сега треба да се обидувам со денови за ја да завршам оваа обврска. Рекоа дека сè ќе биде електронски без да одам во УЈП, но ќе морам тоа повторно да го завршам таму - реагира скопјанка.

Таа додава дека нема доволно информации и дали треба да поседува токен за потпис на пријавата.

И сметководители реагираат дека се соочиле со технички проблеми при електронскиот пристап до УЈП.

- Овие проблеми вообичаено ги имаме при воедувањето на новини, но подоцна се отстрануваат. Се надевам дека се само моментни поради оптоварување на системот, но сепак губиме време, а клиентите се незадоволни – вели сметководител.

Од Управата за јавни приходи информираат дека до сега до нив нема регистрирано проблеми со пристапување до новиот систем, со исклучок на моментни состојби или проблеми од технички карактер кај поединечни корисници.

- Од 1 јануари наваму, Инфо центарот на УЈП, како и службените лица за поддршка, постојано се во контакт со даночните обврзници со цел брзо разрешување на проблемите и прашањата поврзани со исполнување на обврските - велат од УЈП.

УЈП појаснува дека за да се регистрира физичко лице директно на системот е-Персонален данок, единствен услов е физичкото лице да има валидна е-пошта, која ќе биде негово корисничко име (user name) за најава на системот.

- Физичкото лице кое е регистрирано директно на системот, електронската пресметка за приходи што ги остварува од други физички лица и од странство ја потпишува со еднократен пин код кој го генерира системот. Доколку физичкото лице е регистрирано во системот е-Даноци како овластено лице за поднесување и потпишување на пресметки за правно лице, со истата регистрација може преку е-Персонален данок да поднесува електронски пресметки и за себе за приходи што ги остварува од други физички лица и од странство, при што потпишувањето го врши својот дигитален сертификат. Но истото физичко лице може да направи и друга (посебна) регистрација директно на системот е-Персонален данок, со различно корисничко име во однос на регистрацијата како овлатесно лице - појаснуваат од УЈП.

Ова значи, додаваат од УЈП, дека физичко лице не е обврзано да поседува дигитален сертификат за да може да се регистрира и да поднесува преку системот електронски пресметки за себе за приходи што ги остварува од други физички лица и од странство.

Од 1 јануари 2018 година се воведе нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход, односно пресметувањето на данокот се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи, преку системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk . До системот може да се пристапи од кој било интернет пребарувач директно, како и преку линкот од веб страницата на Управата за јавни приходи.

Заклучно со 12.02.2018 година, 10.279 физички лица се имаат регистрирано како корисници на системот, а дополнително 16.225 физички лица се пренесени од системот е-Даноци, каде што се регистрирани како овластени лица за поднесување и потпишување на пресметки правни лица. Преку новиот систем е-Персонален данок се поднесени 55.436 електронски пресметки.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

ГСОЛ останува на ветеното од вчерашниот договор, Нова Логистик го отфрли предлогот

ГСОЛ останува на сето она што беше договорено и ветено вчера, со цел да се помогне на транспортерите.

Се потрошија парите за субвенционирање печки на пелети

Заклучно со денеска, искористени се предвидените 14 милиони денари наменети за субвенционирање на дел од трошоците за купување печки на пелети.

За 30 отсто ќе се зголеми платата на шумските полицајци

Оваа мерка ќе биде имплементирана со првиот ребаланс на Буџетот во 2018 година, изјави Бошњаковски.

Во првата година МРТ ќе биде финансирана со 0,7 отсто од Буџетот

Суштинските измени што се предлагаат се однесуваат на изборот на управните тела и директори на МРТ и на АВМУ, изјави портпаролот на Владата.

Од 1 јуни директна авиолинија Варшава - Скопје

Летови на оваа линија ќе има речиси секој ден, односно шест пати неделно, освен во недела, со модерни Ембраер воздухоплови.

НАЈЧИТАНИ