• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо12:59 13 февруари 2018 ● Прочитано 1915

Нашиот најголем производител на леб, Жито Лукс започна акција со која ќе се обезбедат средства за набавка на медицинска опрема за четири здравствени институции во земјава, наменета за лекување деца со белодробни заболувања. Со кампањата, која ќе трае до 15 март, од секој купен леб на парчиња на Жито Лукс ќе се одвојуваат средства кои што ќе бидат наменети за набавка на опрема за детските оддели во Општата болница –Охрид, во Клиничката болница д-р Трифун Пановски во Битола, Општата болница – Струмица и во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле во Скопје.

- Респираторните проблеми кај граѓаните стануваат сè поизразени, при што особено погодени се децата. Токму затоа во последните години, во рамките на нашата компаниска филозофија за општествена одговорност и помош на заедницата, реализиравме неколку донации со кои се обезбеди медицинска опрема неопходна за детекција и лекување токму на овие заболувања кај децата. Нашата најнова акција продолжува во иста насока донирајќи медицинска опрема во неколку здравствени установи во земјава - вели Лидија Трајковска – Ристовска, од маркетинг секторот во Жито Лукс.

Жито Лукс минатата година донираше опрема за две институции кои се грижат за здравјето на децата, а врзано за респираторни проблеми, за Клиниката за детски болести и за Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Домашните фирми што ќе произведуваат делови за странските ќе добијат пари од Владата

Веќе има многу примери на домашни компании, кои успешно соработуваат со странските инвеститори.

Такса од 10 денари лете и 5 денари зиме ќе плаќаат угостителите во Охрид

Угостителите и Општина Охрид постигнаа договор околу комуналната такса и урбаната опрема.

ГСОЛ останува на ветеното од вчерашниот договор, Нова Логистик го отфрли предлогот

ГСОЛ останува на сето она што беше договорено и ветено вчера, со цел да се помогне на транспортерите.

Рудници - да или не, на потег е Владата

Употребата на сулфурни киселини во рудниците количински може да се спореди со таа во оцетот, виното или во сапуните за дезинфекција.

Се потрошија парите за субвенционирање печки на пелети

Заклучно со денеска, искористени се предвидените 14 милиони денари наменети за субвенционирање на дел од трошоците за купување печки на пелети.

НАЈЧИТАНИ