• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо13:13 13 февруари 2018 ● Прочитано 5367

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека очекува годинава да почне гасификацијата на градот во деловите кои не се опфатени со централното греење и да се зголеми енергетската ефикасност на објектите кои се под градот Скопје.

Шилегов најави дека во врска со тоа в четврток ќе има состанок со градоначалниците на скопските општини и со Секторот за енергетика.

- Едноставно тоа е борба во која веќе востановената и утврдената стратегија од моја страна како градоначалник во соработка со другите институции започнуваме да ја имплементираме и очекуваме на среден рок дека Скопје веќе нема да биде загаден град - рече Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање по предавањето на донацијата од медицински апарати за Детската болница Козле.

Тој посочи дека отвориле фронт на повеќе среднорочни мерки меѓу кои е и режимот на функционирање на возилата, очекуваат да имаат целосна поддршка од Министерството за внатрешни работи и дефинитивно промена на концептот на загревање на домовите во градот Скопје како еден од главните причинители на аерозагадувањето.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

На околу 50.000 квадрати депонии ќе никне трева

Површината за уредување е на 14 локации, за кои Градот Скопје ќе вложи околу 38,1 милиони денари.

Повеќе градби на периферија, наместо во „јадрото“ на Карпош

Планската урбанизација подразбира „ослободување“ на урбаното јадро од нови градби и нивно пренесување во делови како Бардовци и Злокуќани.

Ќе се испитува потребата од жичница од Козле до Средно Водно

Град Скопје и две министерства треба да донесат соодветна одлука за целисходноста на овој проект.

Зграда ќе „проголта“ уште еден парк во Карпош

поред ДУП Градска четврт 3 08 е планирано да се изгради станбен објект, со што ќе се уништи зеленилото и ќе се исечат петнаесетина дрва.

Проект на Карпош - Патоказ кон идната професија

Средношколците во летниот период ќе имаат пракса, која натаму ќе им помогне да направат полесен избор при продолжување со високото образование.

НАЈЧИТАНИ